Три маркети на „КАМ“ добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари, пренесува „А1он“. Ова доаѓа по објавата на порталот за маркетите каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството.
Директорката Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.
-Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.
Во вторникот инспекторите направиле прверка во неколку маркети на КАМ.
Нема начин со сила да биде разрешен Судскиот совет, ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација. Можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе биде со јавен притисок, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан околу интерпелациите поднесени за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.
-Органот којшто ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење за нивната работа и тој со тоа што не им го прифатил извештајот за работа дал свое мислење. И сега логично е дека можат пратениците да поднесат таква процедура за интерпелација на членовите на Судски совет кои тие ги избрале, бидејќи таму нема членови на Судски совет кои се бирани само од пратениците, има и од судовите итн. Но, ќе повторам, тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови. Сепак, тие можат да си речат дека не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано, законот е таков – непрецизен и може тоа да се случи, рече Мицкоски.
Премиерот вели дека тоа нема го изненади и оти тие како политичари можат да направат само јавен притисок бидејќи цени дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав.
– Со сила ништо не можеме да направиме. Нив до последно ги штити законот. Се разбира, таков е законот, тие можат да си речат не поднесуваме оставка и ќе тераме додека не ни завршат мандатите. Инаку кои се алатките? Еве за да нема дилема. Алатката е јавноста. Се бориме јавно. Вистината е најпрецизна во јавноста. Ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав на Судскиот совет и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. Апсолутно со јавен притисок, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.
Премиерот посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.
– Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека доколку бидат разрешени, бирањето на новите членови на Судскиот совет ќе биде според законот што е во сила.
-Ние не можеме со претпоставки да водиме политика. Мораме да водиме политика врз основа на параметри коишто се дел од реалноста и ние ја прифаќаме таа реалност таква каква што е, рече тој.
Во однос на тоа дали ќе поведат некаква постапка за членовите на Советот на јавни обвинители, Мицкоски истакна дека чекор по чекор ќе следат многу реформи во правосудството.
– Чекор по чекор ќе следат многу реформи. Јас никогаш не би сакал да зборувам со повисок тон или пак да се заканувам што ќе следува, но прво да се случат работите, па потоа ќе ги коментираме. Тоа е начинот на кој функционира оваа Влада. Внимателно, чекор по чекор, тивко, без многу помпа, без многу најави, без многу закани, да си ги завршуваме работите, рече премиерот Мицкоски.
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот советкои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.
Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследнои спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.
Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри дека е работи за Хабиб Буњаку.
,,Ние му припаѓаме на Аллах и кај Него ќе се вратиме.
Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син, нашиот дарежлив и мудар Хебиб. Аллах да те награди со рајот брат!!! Аллах да му даде трпение на семејството Буњаку”, напиша Зекири.
Зекири е екс новинар а како Генерален секретар на владата беше осуден на затворска казна за корупција во случајот приватизација на Македонски Пошти.
МВР предходно експресно го расчисти инцидентот во кој едно лице е убиено а две се ранети.
Допрва ќе се дознаваат деталите за смртта на синот на функционерот на ДУИ
Поранешна претставничка на американскиот Стејт Департмент говореше во една од најгледаните десничарски емисии во САД за тоа како во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, Македонија барала да запре американската поддршка за Шарената Револуција, но поради „бескорисноста“ на тогашното раководство, до тоа не дошло.
Катерин О’Нил Гилиган е поранешна функционерка во Стејт Департментот и во УСАИД која беше гостинка во емисијата на Тим Пул, каде се дискутираше за злоупотребите на американската дипломатија во мандатот на претседателот Обама. Според Гилиган, и во првиот мандат на Трамп имало барања да се укине УСАИД и да се запре политичкото мешање на американските дипломати во странски држави, при што таа конкретно имала средби со македонски претставници, но поради отпорот во затекнатата администрација и неснаоѓањето на државните секретари на Трамп Рекс Тилерсон и Мајк Помпео, плановите за реформи во првиот мандат на Трамп не се оствариле.
Се сеќавам, имавме луѓе од Македонија кои бараа да ја запреме нашата влада и нејзините обиди да ја урне нивната влада. За жал, бевме пренатрупани со работа, немавме никаква поддршка од горе. Тилерсон беше отпуштен прилично рано во мандатот. Помпео беше бескорисен. Затоа не можевме да сториме ништо, изјави Гилиган.
Американската поддршка за Шарената револуција почна во мандатот на претседателот Обама, а и покрај очекувањата дека претседателот Трамп ќе реагира во случаите каде американските дипломати поттикнуваа уривање на десно ориентирани влади низ светот, до тоа не дојде. Трамп започнаа со темелно размонтирање на организацијата УСАИД, преку која се спроведуваа програми за мешање во политичките прашања на странски држави, како приоритет уште на почетокот на својот втор мандат.