Connect with us

Македонија

Каква банана држава – Нема пари ни за посмртнина за пензионерите!

Повеќе од 3000 семејства на починати пензионери не добиле надомест за посмртнина – солидарниот фонд кој се полни од пензионерите секој месец – испразнет, податоците од Заводот за ревизија покажуваат дека многу семејства минатата година останале без посмртна помош за починатите, бидејќи во фондот недостигале уште 1,6 милиони евра.

Согласно добиени информации од Фондот во текот на 2021 година заклучно со месец октомври извршени се исплати во вкупен износ од 416.550.000 денари, при што поради зголемената стапка на смртност како резултат на тековната пандемија останале неисплатени уште 3.355 барања за исплати во вкупен износ од 100.650.000 денари (1,6 милиони евра н.з.) како резултат на недостаток на средства – стои во извештајот од Заводот за ревизија.

Им ја намалија посмртнината на пензионерите од 30 000 на 25 000 и им го покачија учеството во солидарниот фонд од 120 на 150 денари за месец, но залудно, и натаму недостигаат пари во солидарниот фонд.

„Со оглед на тоа што висината на задршката е еднаш веќе зголемена од 120 на 150 денари, потребно е да се пронајде извор на приходи кој нема да ги оптоварува нето пензиските примања, особено на најзагрозените категории на приматели на пензии“, забележале ревизорите – стои во извештајот од Заводот за ревизија.

Надлежните се правдаат дека поради зголемената смртност кај оваа група граѓани, трошоците за посмртнина биле поголеми, но уверуваат дека заклучно со јули, ќе бидат обесштетени сите семејства, односно посмртнината ќе изнесува 30.000 како и претходно. Оваа одлука инаку ја донесе Сојузот на здруженија на пензионери, а без претходна најава беше објавена во Службен весник.

Нема доволно средства во солидарниот фонд за исплата на посмртна помош за членовите на семејството на починатиот пациент, заради што, со пандемијата, бројот на смртност  се зголеми за повеќе од 50 %. Членарината во овој фонд пензионерите ја плаќаат доброволно, и сега изнесува 150 денари. но тоа е времена мерка.  Времена мерка е и намалената посмртнина на 25.000 денари и ќе трае до јули – вели Ментор Ќоку од Сојуз на здруженија на пензионери, одбор за Солидарен фонд.

Од Фондот за пензиско осигурување пак, се прогласија за ненадежни, бидејќи Солидарниот фонд бил независно тело од институцијата

Advertisement

Македонија

Пробиен претпоследниот тунел на пругата кон Бугарија: Напредок на делницата Бељаковце – Крива Паланка

Рано изутринава беше пробиен претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка, која претставува втор дел од изградбата на пругата кон Бугарија. Овој чекор беше оценет како значаен исчекор во реализацијата на проектот, кој со години се соочува со бројни предизвици.

„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло,“ изјави директорот на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура, Синиша Ивановски, кој го истакна значењето на денешниот напредок.

Тој нагласи дека делницата е една од најкомплексните инфраструктурни точки во земјата, особено поради обемната и технички сложена изградба на тунелите.

„Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на целиот проект не е на посакуваното ниво, но мора да се пофали изведувачот за успехот токму во овој сегмент,“ додаде Ивановски.

Тој изрази уверување дека постигнатиот напредок ќе биде мотив и за динамизирање на останатите делови од работите на трасата, додавајќи дека очекува наскоро да се бележат успеси и во другите сегменти од изградбата.

Continue Reading

Македонија

Можни промени во ставовите на ЕУ за Македонија: Шансата за компромис со Бугарија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го отвори прашањето за промена на заклучоците на ЕУ за Македонија и најави дека постои излезно решение за спорот со Бугарија. Сепак, таа со остар тон потсети дека одлуката не е во наши раце.

„Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но одлуката не ја носиме ние. Точно е дека сме разговарале за излезни решенија,“ изјави претседателката по Меѓународниот форум „Глокализација 2.0“.

Сиљановска Давкова детектира значителна промена во реториката на највисоките претставници на ЕУ. Според неа, Брисел почнува да сфаќа дека се работи за опасен преседан кој може да се повторува.

„Мислам дека има промена во реториката, бидејќи не се работи само за еден преседан, туку за приказна што ќе се повторува доколку во стартот не се најде решение. Затоа јас предлагав некои излезни решенија,“ нагласи таа.

Претседателката испрати и директна критика кон придавката „француски предлог“, посочувајќи на парадокс:

„Честопати слушаме француски предлог. Не знам колку е добро да кажам, ама не одговара придавката бидејќи Франција е држава којашто ја нема потпишано ниту ратификувано Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. И сега да го користите предлогот за гарантирање на малцински права како француски не е во ред.“

Таа не ги амнестираше ниту домашните претставници, велејќи дека и нашиот дел од историската комисија учествувал во креирањето на заклучоците и решенијата.

Сиљановска Давкова ја отвори вратата за маневар: иако е тешко да се менуваат протоколи, таа гледа решение во интерпретацијата и изјавата за отворање на преговорите.

„Има можност со интерпретација. Мислам дека мора да ги тргнеме историјата, културата и јазикот од критериумите,“ категорична е претседателката.

Таа самоуверено тврди: Македонија има едни од најдобрите уставни гаранции за правата на малцинствата, вградени во Уставот и Рамковниот договор.

Критиката кон источниот сосед е најостра. Претседателката ја потенцира лицемерноста на барањата, наспроти сопственото однесување:

„Обично го барате од другиот она што вие го гарантирате. Ако вие не гарантирате имплементација на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, а се повикувате на заштита на човековите права, тогаш имате проблем,“ заклучи Сиљановска Давкова, префрлувајќи го центарот на вината кај Софија.

Continue Reading

Македонија

Истражување: Тренд на опаѓање на користењето религија во политичките кампањи

Новото истражување „Религијата во политичките кампањи“, спроведено во ноември 2025 година од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), порталот Religija.mk и Фондацијата Конрад Аденауер, покажува дека опаѓа влијанието и употребата на религијата во политичките кампањи во Македонија, но и дека дел од граѓаните сè уште ја препознаваат како фактор во изборниот процес.

Според податоците, 28% од испитаниците сметаат дека религијата повеќе или помалку е користена во кампањите, што претставува пад во однос на претходните мерења во 2020 и 2017 година. Истовремено, 51% веруваат дека религијата малку или воопшто не се користи во политичката комуникација на партиите.

Граѓаните генерално се против користење религиозни симболи во кампањи – дури 68% го сметаат тоа за злоупотреба на религиозните чувства.

И покрај тоа, околу една петтина од гласачите признаваат дека религиозноста на кандидатот, посетите на верски објекти или барањето благослов од верски лидери може да има одредено влијание врз нивниот избор.

Истражувањето покажува и дека етнички албанските партии нешто повеќе ја користат религијата во кампањите во споредба со македонските политички субјекти, но и кај нив е забележан тренд на намалување во последните години.

Кога станува збор за вмешаноста на верските заедници во политиката, 49% од граѓаните сметаат дека верските лидери имаат одредено влијание. Сепак, големо мнозинство – 77% – се против верските претставници јавно да поддржуваат политички субјекти.

Според анализата, само 24% од испитаниците веруваат дека верските заедници фаворизирале одредена партија на последните избори, а меѓу нив, по околу 6% сметаат дека фаворити биле ВМРО-ДПМНЕ, НАИ или ВРЕДИ.

Истражувањето потврдува дека Македонија останува мултирелигиско и генерално религиозно општество, но трендовите укажуваат на постепено одвојување на политичките процеси од религиозните влијанија и намалување на нивната улога во современите изборни кампањи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг