Connect with us

Македонија

Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски

Published

on

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.

Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.

Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.

Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.

Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

Македонија

Тони Коњановски со решителни чекори кон поубава и почиста Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, продолжува со спроведување на иницијативите за подобрување на животната средина и урбаниот изглед на градот. Во соработка со јавните претпријатија Комуналец, Водовод и Нискоградба, деновиве активно се расчистуваат локациите каде што претходно беа поставени времените објекти – гаражи.

Со лично присуство на терен, Коњановски изврши увид во тековните активности за отстранување на отпадот, потенцирајќи дека ова е само почеток на пошироката акција за уредување на градот. Тој најави дека сите локации каде што се отстранети времените објекти ќе бидат детално уредени, со цел да се создадат попријатни услови за живот на сите граѓани.

Со ваквите иницијативи, Коњановски уште еднаш ја покажува својата посветеност кон создавање на поубава, почиста и поуредена Битола, која ќе биде гордост за сите нејзини жители.

Continue Reading

Македонија

Извлечено е телото на 56 годишниот маж од водите на Вардар

Published

on

Со извлекување на телото на 56 – годишниот маж од водите на Вардар заврши дводневната акција на спасувачите.

Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на селото Рашче.

Во автомобилот во моментот на несреќата имало три жени, маж и четиригодишно дете. Детето , за среќа паднало на патот во моментот на лизгањето на автомобилот и со телесни повреди е пренесено во клиниката 8-Септември.

Четирите тела на роднините од Грчец ќе бидат однесени на обдукција, по што ќе се утврдат причините за нереќата.

Continue Reading

Македонија

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Published

on

Полицијата денеска ги објави идентитетите на загинатите во „аудито“ кое вчера околу 16 часот излета од локалниот пат Сарај-с.Рашче и падна во реката Вардар.

Според МВР, во возилото кое е извадено синоќа од Вардар се пронајдени телата на три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк