Connect with us

Македонија

Кривичен суд нареди Зекири да биде спроведен со полиција, тој си поднесе експресна оставка

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Македонија.

– ПО ДОБИВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ, ВО ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕНИОТ РОК СУДИЈА НА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА, СОГЛАСНО ОДРЕДБИТЕ ОД ЗКП ИЗДАДЕ НАРЕДБА ДО НАДЛЕЖНАТА ПС ЗА СПРОВОД НА ОСОМНИЧЕНИОТ И ТОА НА ЕДИНСТВЕНАТА АДРЕСА ПОСОЧЕНА ВО ПРЕДЛОГОТ.  ОТКАКО, ОСОМНИЧЕНИОТ ЌЕ БИДЕ ИЗВЕДЕН ПРЕД СУДИЈАТА И ЌЕ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ВО ОДНОС НА ПРЕДЛОГОТ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЌЕ БИДЕ ИЗГОТВЕНО РЕШЕНИЕ ЗА КОЕ СТРАНКИТЕ И ЈАВНОСТА ЌЕ БИДАТ БЛАГОВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ, ВЕЛАТ ОД КРИВИЧЕН СУД – СКОПЈЕ.

Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Мухамет Зекири заради постоење основано сомнение за сотрено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, денеска на својот Фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.-Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, напиша Зекири.

Тој напомена оти верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста и верува дека вистината ќе излезе на виделина. Како што истакна, на сите институции им стои на располагање во секое време, за да ја докаже својата невиност.-Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата, наведува Зекири на Фејсбук.

Оставката на Зекири следува откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството го добило во втората половина на 2021 година.

Advertisement

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading

Македонија

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

Според најавите од УХМР, во текот на следната седмица Македонија ќе се соочи со необично топло време за декември. Дневните температури се очекува да се искачат до 17 степени Целзиусови, што ќе донесе значително затоплување и ненормално високи вредности за овој период од годината.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а во претпладневните часови по одделни котлини може да се појави магла. За викендот се најавува стабилен и сув метео-услов, без значителни врнежи.

Ова затоплување доаѓа по неколку денови со нестабилно време и температури над просекот — но новиот топол бран ги изненади граѓаните со необична реткица утринска отсутност на ладно.

Граѓаните се охрабруваат да ги искористат поволните услови за надворешни активности, но и да бидат подготвени за брзи промени во времето, како што е можна магла на ниски места или повремени ветрови во попладневните часови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг