Connect with us

Македонија

Катица Јанева: Трпев многу влијание од политичките партии – мислеа дека како “провинцијалка” не го знам правото

Судењето за предметот за оштетното побарување на Орце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ продолжува на 11 мај, откако во Основниот граѓански суд – Скопје денеска беа сослушани тужителот и тужените.

Тужената Катица Јанева на денешното рочиште истакна дека во текот на нејзиниот мандат како специјален јавен обвинител „многу трпела влијание од страна на политичките партии“.

-Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки. Тие мислеа дека јас, како провинцијалка не го познавам правото, дека ќе им дозволам да влијаат на моите одлуки, но, после четиригодишно согледување на работите ја извртеа целата работа и го конструираат овој небулозен предмет „Рекет“, рече Јанева.

Дополни дека во пресудата за „Рекет“ „не е изведен ниту еден доказ од кој би се утврдило нејзино незаконито постапување“. Јанева истакна дека нејзините дејствија воопшто не се поврзани со паричниот износ кој се побарува.

На денешното рочиште, претходно, Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да му се исплати штетата.

Тој во својот исказ денеска хронолошки ги образложи случувањата преку кои тој смета дека му е нанесена штетата.

Тужениот Бојан Јовановски, пак, во својот исказ истакна дека целосно го отфрла оштетното побарување.

-Целосно го отфрлам оштетеното побарување од причина што во целост го негирам делото за кое сум правосилно осуден. Пред овој Суд истакнувам, покрај тоа што го негирам делото и покрај правосилната пресуда, дека ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба, рече Јовановски.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

Судењето за овој предмет продолжува на 11 мај со сослушување на сведоците предложени од тужителот, Ана Камчева, Ратка Куновска Камчева, Кристина Камчева и Мирјана Бошкова. (МИА)

Македонија

ВЛЕН: По 24 години конечно закон за правично застепеност

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот што ја затвора 24-годишната чекање.

Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на правично застапување не останува само на зборови, туку се претвора во закон. Правичното застапување се движи напред, базирано на европски стандарди и принципот на меритократија.

ВЛЕН е решен ова прашање да не остане повеќе предмет на политички игри, туку да добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.

За 24 години ова прашање се користеше за реторика и политички калкулации, без да се постигне законско решение. Денес, ВЛЕН го затвора овој период, претворајќи го правичното застапување во закон.

Continue Reading

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг