Connect with us

Македонија

Протести на ШИРОК СОКАК за отворањето на Културен центар „Ванчо Михајлов“

Пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Битола, а кој доаѓа денеска со министри од владата на Бугарија, поранешни функционери и актуелни политичари на отворањето на новиот клуб на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ на Широк Сокак во непосредна близина на канцеларијата на клубот, има протести каде се истакнати неколку транспаренти против политиките на бугарската влада кон македонското малцинство и актуелните политички случувања во преговорите меѓу двете земји.

Уште синоќа од „Левица“ кажаа дека денеска во 13 часот ќе излезат на протест. Во повикот објавен на социјалната мрежа Фејзбук рекоа дека најстрого ја осудуваат дозволата за отворање на ваков клуб во Македонија, премолчувањето за ваквата иницијатива од страна на Владата на Република Македонија која индиректно поддржува рехабилитација на фашизмот, империјализмот и антимакедонизмот, стои во нивната објава за протесот.

Денеска таму и транспарент против политиките на Бугарија кон македонското малцинство.

На Широк Сокак каде има протести, го забележавме и владиката Петар со неколку свештени лица.

Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 од Битола синоќа излезе со јавен протест.

Во соопштението напишаа:

„Јавен протест заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство“ стои во сопштението.

Денеска Битола е под силно полициско обезбедување, центарот на градот со посебен режим на сообраќај.

Текст и фотографии: ТЕРА ТВ

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг