Connect with us

Македонија

Села: Бугарија да го признае македонското малцинство

Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинството обострано, во Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието.

Во поглед на проблемот кој постои меѓу Македонија и Бугарија, Села смета дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ.

-Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис. Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села.

Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење.

На новинарско прашање околу штрајкот на просветните работници, Села рече дека ова не би се случило доколку беше прифатен амандманот на Алијансата за Албанците за раст за минималната плата, за линерен раст на платите во сите сектори.

-Мене ми изгледа апсурдно и лицемерно од страна на Владата што сега одигруваат улога на жртва бидејќи СОНК не ја прифатила понудата од 2.500 денари пораст на платите, додека Владата во времето кога се зголемуваше минималната плата, еднострано, бескрупулозно го отфрли амандманот на Алијансата за Албанците со кој се предвидуваше линеарно зголемување на платите и на наставниците, на администрацијата и на сите други вработени, рече Села.

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг