Connect with us

Македонија

(Видео) Џафери со панцир ја посети Украина, ја спореди со Косово и Сребреница

Published

on

На покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во посета на Украина, каде што допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, информира неговиот кабинет. Истовремено, во посета на Украина денес се и претседателите на Парламентите на Романија и Швајцарија.

Џафери ги посети градовите Буча и Ирпин и пистата во Хостомел, кои се разурнати од воените дејствија, по што заедно со другите претседатели на Парламенти дадоа заеднички изјава.

„Секако особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Република Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде“, рече Џафери.

„Јас оттука можам да порачам дека лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго.“ Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија. Во рамките на посетата Претседателот Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски“, додаде спикерот на македонскиот парламент.

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.

„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк