Connect with us

Македонија

МАКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА: 21 година од загинувањето на хероите кај Вејце!

Published

on

Денеска се одбележуваат 21 година од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати бранители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

Македонија

Вооружен грабеж вечерва во „Нептун“

Published

on

Вечерва на националната арена „Тоше Проески“ се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун во 20.30 часот. Според информации од терен, маскирани лица се обиделе да го одземат дневниот промет од продавницата, при што биле испукани неколку куршуми.

Разбојниците на локацијата пристигнале со тротинет.

Откако влегле во продавницата викнале да се вадат парите од касата, а се заканиле и дека доколку некој викне полиција – сите ќе бидат убиени.

Од министерството за внатрешни работи го потврдија случајот. 

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк. Веднаш по добиената пријава, беа преземени соодветни мерки и активности. Сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Притворено лицето што го запали македонското знаме

Published

on

Притворено лицето кое вчеравечер го запалило знамето на Македонија на скопските улици за време на прославата на Денот на албанското знаме, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Нашите информации велат дека лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

Continue Reading

Македонија

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

Published

on

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото, информираат од Кривичниот суд.

Приведените лица, се вели во соопштението, се сомничат за кривчното дело од чл.319 ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.

ЈОРСМ, претходно информираше дека Основното јавно обвинителство Скопје, повело постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик, додека против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.

-Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

За полнолетните осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк