Connect with us

Македонија

Бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски

Published

on

Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.

-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.

Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.

-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта bgmkclub@gmail.com.

Македонија

„Дајмонд мол“ под вода: Проблеми со прокиснувањето.

Published

on

Дождовната вода вечерва го поплави последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“, каде вработените беа принудени со кофи да собираат вода. Оваа непријатна ситуација предизвика реакции кај посетителите, особено имајќи ја предвид вредноста на инвестицијата од 350 милиони евра. Случајот отвора прашања за квалитетот на изведбата и надзорот.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните закажуваат па не доаѓаат, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле на компјутерска томографија

Published

on

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

„Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало“, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини само треба да се реши на кој начин тоа ќе се направи.

„Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период. Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме“, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Published

on

Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина од над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво падна врз покривот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“, на места каде обично нема многу минувачи.

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк