Connect with us

Македонија

Ахмети: Не може да има иднина без УЧК и Охридскиот рамковен договор

Published

on

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане истакна дека споменикот на УЧК, ги обединува народите од ,,Cеверна,, Македонија.

Ахмети истакна декаУ ЧК е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.

„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. УЧК е  дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без УЧК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави Ахмети.

Македонија

Снежна бајка во Невеска: Бисерот на егејска Македонија

Published

on

Село Невеска, лоцирано во срцето на Лерин, егејска Македонија, претставува бисер на природната и културната убавина, особено во зимските месеци.

Во снежните денови, селото се претвора во бајковит пејзаж, со традиционалните камени куќи опкружени со бело покривало, кое како да го запира времето. Високите борoви и букови дрвја, прекриени со мраз и снег, создаваат глетка од незаборавна убавина. Низ тесните калдрмисани улици, сè уште се слуша шепотот на историјата, додека тивко паѓа снегот, омекнувајќи го секој звук.

Селото е опкружено со планински падини, совршени за зимски прошетки и истражување. Одредени точки нудат неверојатен поглед на околните ридови и долини, кои зиме изгледаат како бескрајна бела покривка. Традиционалните куќи и камените ѕидови се украсени со снег, а чадот од оџаците додава топлина и живот во ова снежно ремек-дело.

Невеска ја доловува суштината на македонското планинско наследство, спојувајќи го спокојството на природата со историјата и културата на регионот. Ова село во зимска облека е како создадено за да инспирира уметници, фотографи и љубители на природата.

Continue Reading

Македонија

Катастрофална ситуација во ски-центарот Попова Шапка пред почетокот на сезоната, ќе работи само еден хотел зимово

Published

on

Пред самиот почеток на зимската туристичка сезона ски-центарот „Попова Шапка“ е во многу лоша состојба. Не е направен технички преглед на седумте ски-лифтови и жичници, на вработените им доцнат две плати, отворањето на хотелот „Славија“ е под знак на прашање, а за хотелот „Попова Шапка“ е одлучено да не работи, пренесува СДК.

Пред десетина дена конечно е назначен нов управител на Ски-центарот, кој вели дека се преземаат активности за санирање на состојбата, со цел оваа зимска сезона да започне на време, но условите за тоа биле исклучително тешки.

„Сега нашите вработени работат на отстранување на дефектите на ски-лифтовите за да може да им се издаде технички прием. Поправивме два ски-лифта, продолжуваме со поправки и на останатите, но со оваа работа многу доцниме бидејќи сето ова требаше да биде завршено пред два-три месеци, а не сега, пред самиот почеток на сезоната. Ќе се работи и во наредниот период, но најмногу технички проблеми и дефекти имаме со шестоседата жичница. Досега се оспособени само ски-лифтовите ‘Аеродром‘ и ‘Ге‘. Дури откако ќе ги отстраниме сите дефекти, тогаш ќе можеме да повикаме комисија да направи технички прием и да ја потврди нивната исправност. Сепак, верувам дека до почетокот на сезоната ќе успееме да ги средиме работите“, изјави Абдулгани Алији, раководител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт Ски-центарот „Попова Шапка“.

Во незавидна состојба се и двата хотела, сопственост на Ски-центарот, „Славија“ и „Попова Шапка“. За лошата состојба Алији го обвинува претходното раководство на Ски-центарот.

„Оваа година во употреба ќе биде само хотелот ‘Славија‘, што ќе можеме да го оспособиме за работа, додека хотелот ‘Попова Шапка‘ е во катастрофална состојба и таму оваа сезона ќе нема никакви услови за сместување и престој. Исто така, имаме проблеми со исплата на вработените, на кои им доцнат две плати, за што веднаш побаравме помош од ЕЛЕМ. Проблем ќе биде и бројот на ангажираните луѓе во Ски-центарот, бидејќи сега сме само 42, а според систематизацијата, за нормално функционирање потребно е да има 79 лица“, вели Алији.

Ако се добие потребната техничка дозвола и ако оваа зимска сезона има доволно снег, тогаш сезонските билети за ски-лифтовите купени минатата година ќе важат и оваа зима, бидејќи лани немаше доволно денови со снежна покривка за да можат тие да се искористат.

Од Ски-центарот „Попова Шапка“ засега не размислуваат за нови инвестиции, туку се насочени колку што е можно до почетокот на новата ски-сезона да ги завршат работите и да ги дочекаат првите скијачи. За инвестиции, како што велат, Владата треба да размислува.

Минатата власт помпезно најави дека пронашла сериозен инвеститор од Италија, кој бил подготвен да вложи големи финансиски средства во обновата на „Попова Шапка“, но од него нема ни трага, ни глас. Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, неодамна изјави дека се обидел да стапи во контакт со овој италијански инвеститор, но не успеал да го најде.

„Јас не знам кој и што беше тој инвеститор. За жал, во претходната влада сè беше до министрите. Претходниот министер имаше некојси устен договор со инвеститорот, но си отиде министерот, си отиде и инвеститорот. Јас пројавив желба да се видам со инвеститорот, да видам кој е неговиот интерес, но немаше никаков одговор“, изјави неодамна Касами.

Извор: Лидер

Continue Reading

Македонија

По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни

Published

on

Во рок од само една година по трет пат се уништува и крши црквата и православните гробишта во долненското село Гостиражни. Деновиве комплетно се искршени и уништени надгробните споменици на 13 од 16 гробови. Жителите велат дека ова никогаш досега не се случуваnо. Инаку Гостиражни е село со мешано население од македонска и албанска етничка заедница.

„Ужас е ова што се прави во селото Гостиражни. Не сум видел никого, не знам кој може да биде. Кој се што се луѓево што го прават ова незнам. Зошто некој би кршел црква и гробови, да вознемирува починати души не знам. Искрено сега мене ми е страв. Кога тие почнале на  умрените, ќе почнат и на живите. Сега со страв идам тука кај камбаната да ја удрам во недела или за празник“, изјави Владо Спасески, клисар во црквата жител на село Гостиражни.

Иако и трите случаи на сквернавење на црквата и гробиштата се пријавени во полиција, направен е увид, но сторителите не се пронајдени.

„Со сите живееме, во селото немало проблеми, кавги немало, како дојде до ова не знаеме. Сум разговарал со луѓе и тие велат кој може да прави вакви работи, ова е грев“, додаде Крсте Крстески, жител на село Гостиражни.

Според Митрополитот Петар пак, во чија Епархија се наоѓа Долени ова биле обиди за заплашување на и онака малкуте Македонци преостанати тука не само во Гостиражни туку и во другите села.

„Притисоци на разни начини со цел и намера за етничко чистење на Македонците од тие села. И ова ќе продолжи. Врз нашата црква таму се врши силен притисок, во селото Пешталево беше договорено да се изгради и црква и џамија во центарот на селото, а сега има 2 џамии, а ниту една црква, иако е мнозинското население е православно македонско. Тогаш кога требаше да го осветиме камен темелникот имаше страшни притисоци и закани со огнено оружје“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

И жителите на Гостиражни и претставниците на МПЦ бараат поголема ажурност од институциите и разрежување на овие случаи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк