Connect with us

Македонија

Имаме со што да се гордееме – Македон од Тетово е вистински гениј

Македон Димитровски има само седум години и со леснотија решава математички задачи како за втора година од средно образование. Овој мал генијалец неодамна на Македонија ѝ донесе златен медал во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет, пренесува Нова Македонија.

– Натпреварот се вика „Математика без граници“ и се организира во 22 земји во цел свет и се реализира преку менторите во училиштата. Неговата учителка поттикна Македон да оди на натпревар, па ние го пријавивме. За првиот натпревар, кога полагаше, малку се подготвуваше дома, и потоа освои златен медал. Во вториот дел се натпреваруваат сите успешни од првиот натпревар. Ама ние не разбравме дека треба пак да се пријавиме. И испадна дека не може да учествува. Арно ама, неговата учителка пишала до организаторот и дека беше со освоен златен медал, па го примија. Се полагаше истиот ден, само овојпат немаше подготовка зашто немаше време, и пак освои златен медал. Сега го поканија на некое завршно финале во Несебар, но не знам дали ќе успемее да отидеме – раскажува неговиот татко Владимир Димитровски.

Македон чита и пишува од две години. И на латиница и на кирилица. Течно говори и англиски јазик.

– На четири години го носевме на тестирање во еден центар за психологија. И кога го однесов, психологот со кој разговаравме ни рече дека нема тест за таа возраст. Македон решаваше тест за возраст од 7 до 14 години, а испадна дека има коефициент на интелигенција 134. Ни рекоа дека со текот на возраста тој коефициент ќе достигне до 145-150. Кога го запишувавме, пак, во прво одделение, според процедурата, нели, бевме на психолог за тестирање. Таа ни рече: Над 40 години работам, ама вакво дете немам видено. Нѐ праша дали сакаме веднаш да се запишеме во второ или трето одделение. Не сакавме зашто е важен и емотивниот развој. А нему и нема да му смени многу зашто и тоа што се учи во погорните оделенија не му е предизвик, сѐ знае – раскажува таткото.

Македон во само еден час ги има научено кинеските бројки до милион, и како се читаат и како се пишуваат и како се изговараат. Истото се има случено и кога го пратиле на курс по германски јазик. После само еден час тој ги знаел бројките до милион.

– Детето има фази на интерес. Галаксиите ги научи до најмала ситница, секоја планета која темепратура ја има, колку е оддалечена од Земјата, дали е масата цврста, гасовита, немаше нешто што не знаеше, а имаше само пет години. Сега е во фаза географија. Не само што ги знае знамињата, ги знае и како се менувале минативе 100 години. Во последно време сака да „предвидува“, ги црта картите на Европа и кој која земја ќе ја заземе и како ќе изгледа мапата на Европа или на светот за едно 20 години. Тон такви мапи има нацртано – раскажува Владимир.

фото: Приватна архива
Сепак, математиката му е број еден, нема фази во тоа.

– Уште на три години пресметуваше броеви, синуси, квадратни корени, и на трицифрени броеви, без никакво помагало. Во Македонија нема институција каде што би го пратиле, па земавме приватно професор по математика. Сака некој да го насочи, да му даде предизвик. Сега е второ одделение, а решава задачи за втора средно. Професорот што работи со него ни вели: Јас магистри сум спремал, ама ова немам видено. Работи со него за да го држи во кондиција – вели Владимир.

Талентите на Македон имаат широк дијапазон. Математика, јазици, вселена, географија…

-Географија и математика ме прават најсреќен. Географија поради тоа што е најинтересно, а математика поради бројките, зашто многу ги сакам – вели Македон.

Најмногу време сака да поминува со деца, вели дека обожава друштво и има многу другарчиња.

-Многу сакам да возам и тротинет. Имам и симпатија, собрав храброст и веќе и кажав, таа малку се срамеше – ни се довери Македон.

Тој многу ја сака и музиката.

– Имаме дома еден синтизајзер. И само слушам еден ден некој свири горе. Си реков некоја демо-снимка и одам и го гледам Македон свири, и тоа Бетовен. Ми вика: Ја имам чуено еднаш на Интернет. Јас и мајка му гледаме и се чудиме – вели Владимир.

Македон е второ одделение во основното училиште „Лирија“ во Тетово. И покрај интелектуалните предизвици, Македон најмногу сака да ја дели играта со други деца.

Извор: Нова Македонија

Македонија

Снежна покривка до 10 см и поројни врнежи дожд во Македонија

Под влијание на влажни воздушни бранови, од утре навечер и во текот на 24 и 25 декември 2025 година, Македонија ќе биде погодена со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и над 25 литри на квадратен метар за 24 часа.

На планинските предели врнежите ќе бидат од снег, со формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Со спуштањето на постуден воздух од север, снег ќе се појави и на повисоките места во низинските региони. Од петок се очекува стабилизирање на времето.

Во Скопје, утре навечер и во следните два дена се предвидуваат повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни на патиштата и да ги следат официјалните предупредувања за времето.

Continue Reading

Македонија

Ахмети: Ако излезам на улица, нема враќање!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Згасна позната телевизија во Македонија – престана да емитува програма

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа.

Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал.

ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг