Connect with us

Скопје

И трето бебе се роди кај ламите, со уникатни шари

Published

on

Скопје

Автомобил се судри со автобус во центарот на Скопје

Published

on

Попладнево се случила сообраќајна несреќа во близина на Градскиот трговски центар (ГТЦ), објави ТВ21.

Според првичните информации, автомобил удрил во автобус, при што е предизвикана материјална штета.

Засега нема информации за повредени лица. На местото на настанот излезени се екипи од полицијата кои вршат увид и го истражуваат случајот.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ја предводи дигиталната зелена транзиција со „City and Me“

Published

on

Кисела Вода стана првата општина во Македонија што ја имплементира иновативната платформа „City and Me“ – паметна, еколошка и граѓански ориентирана апликација која има за цел да ја зајакне врската меѓу жителите и локалната самоуправа, преку дигитални алатки и награди за општествено одговорно однесување.

На официјалното лансирање, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека ова е почеток на нова ера во локалното управување и одржливото живеење. „Со оваа апликација, секој жител кој ќе избере да пешачи, да вози велосипед, да рециклира, да пријави проблем или да учествува во анкета, ќе добие симболичен токен кој може да се искористи за локални услуги, како кафе, билет за кино или садење дрвце со свое име“, изјави Ѓорѓиевски.

„City and Me“ веќе брои над 30.000 корисници низ Балканот, а од денес и граѓаните на Кисела Вода стануваат дел од оваа инклузивна заедница. Платформата овозможува директна комуникација со општината, дигитално гласање, предлагање и пријавување проблеми – чекори кон вистинска дигитална демократија.

„Секој мал чекор може да направи голема разлика. Преку оваа платформа, ги охрабруваме граѓаните да станат Зелени херои – да бидат двигатели на позитивни промени“, рече градоначалникот, нагласувајќи ја важноста од заедничко делување на институциите, бизнисите и граѓаните.

Во рамки на настанот, беше потпишана и Декларацијата за зелени промени, со која Кисела Вода се обврзува на проактивна еколошка политика и отворена соработка со сите чинители во заедницата.

Партнери во проектот се тимот на „City and Me“ и организацијата Startup Macedonia, која повеќе години работи на развој на младински иновации и претприемништво. Платформата е достапна на Android и iOS уреди.

„Верувам дека овој чекор ќе биде инспирација и за другите општини во државата. Заедно можеме да изградиме зелено, активно и дигитално општество“, заврши Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Published

on

Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува центарци да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Општина Центар, активно го поттикнува користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделени се 376 субвенции за велосипеди, 47 за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема.

„Возењето велосипед е една од најдобрите навики што можеме да ги направиме за нашето здравје. Возењето велосипед е едноставен чекор со кој секој од нас може да придонесе за поздрава и почиста заедница. Еден велосипед повеќе значи едно возило помалку и помал метеж во сообраќајот. Ги повикувам сите центарци да аплицираат на повикот и заедно, со мали промени во секојдневието да донесеме големи придобивки за почист воздух и поздрава животна средина, да изградиме едно поубаво место за живеење“, вели Герасимовски.

Субвенцијата што се доделува изнесува 30% од вредноста на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, а за дополнителна опрема како детски седишта и заштитни кациги, граѓаните можат да добијат поддршка до 1.000 денари.

Јавниот повик е отворен од 24 март, а пријавувањето се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно, а барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.

За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата на Општина Центар: centar.gov.mk.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк