Connect with us

Македонија

Не стивнуваат реакциите за Андреа: Држава претставува или на куќна слава е?

Published

on

Евровизиската претставничка Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме од вчеравечер е тема број еден во јавноста. 

И од МРТ го осудија нејзиниот потег, а нешто подоцна Андреа во видео сподели дека е погрешно сфатена и дека сето ова што се случува е бесмислено. 

-Видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува.. Последниве неколку дена единственото нешто што го правев е што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во момент каде што ме снимаа и фотографираа побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда да доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова, вели Андреа во пораката. Еве ги коментарите на јавноста: 

-Зошто Тоше, Калиопи, Каролина не го фрлаа македонското знаме?

-Ај што сме злобни, ама многу сме површни… дрва и камења летаат по претставничката на Евросонг. Ниту планирам да ја бранам ниту да и’ одбивам на годините. Затоа што на 22 и те како сум знаела што правам. Ама! Прескокнуваме еден цел кадар од големото платно. Каде е делегацијата? Кандидаткава сама отиде во фестивал? Сите наши пратеници во Торино, на кои на врат им виси ‘ОФИШЛ’, подеднакво како пејачкава, претставуваат држава. Претставуваат држава, да повторам… не идат на куќна слава. Знаете ли вие за протокол, побогу?!

-Каква држава, такви претставници. И народов се крсти во ваква младина, дека еден ден ќе водат борба за правда!

-22 години не е дете. Тоа е млада жена, која не смее да не знае како да се однесува со знамето на сопствената татковина. Цело време велам дека проклетството на Македонија е непрофесионализмот и импровизацијата, на сите нивоа, на сите полиња. Незнаење и царување на просекот, и на тоа под него. Слушаме необјасниви гафови на лидери, функционери, новинари, професори… сведочиме на невидени протоколарни грешки, на срамни настапи во јавност, на елементарна неписменост и невоспитување во целиот јавен простор. Итно е потребен бран на просветителство, луѓе. Ќе нè убие оваа општа некултура, ќе нè уништи овој простотилак. П.С: Коментарите со “критика” за срамниот чин со знамето сведочат сами за себе еднакво како чинот. Па видете вие до кое дереџе сме…

-Панк несреќана, нек ја спакуваат уште утре за назад и нек си пее под туш! 

Македонија

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Published

on

Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, денес (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.

Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Муртезани: Заминувањето на Таравари е дел од договор со Ахмети, не поради фотелји

Published

on

Заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди не е мотивирано од несогласувања околу распределбата на функции, туку најверојатно се должи на договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички настап на претстојните локални избори.

Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ и објасни дека во моментот околу 16 општини имаат албански градоначалници, но шансите тој број да се задржи или зголеми се неизвесни.

Како што рече, не е исклучено победата на некои локации да ја однесе кандидат на ДУИ или независен претставник.

Continue Reading

Македонија

Укинат е притворот за сите полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Published

on

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани.

Во денешната постапка на предлог на јавниот обвинител на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот, забрана за комуникација со останатите осомничени и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело, судијата го прифати предлогот и на петмина им ги определи погоренаведените мерки, додека на еден осомничен (пензионер) му определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година. Воедно, на предлог на обвинителот со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага истиот е укинат и им се изречени истите мерки на претпазливост. Мерката забрана за вршење професија е изречена во зависност од тоа дали осомничените се уште се во работен однос или во пензија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк