Connect with us

Македонија

(Видео) Хаос во Собранието, се скараа Џафери и Мицевски: Седи си на место ако не си за тепање

На собраниската седница која трае и по работното време се случи хаос.

Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски бараше процедурално, што не му беше одобрено од спикерот Џафери. Тој побара да се гласа за дневниот ред, откако претходно им даде збор на двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои не излегоа на говорницата бидејќи се бараше процедурално.

После сето тоа, Џафери му кажа на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.

„Не ме допирајте“, рече Мицевски, по што Џафери му кажа да се тргне и да оди на говорница и го стави дневниот ред на гласање, по што Мицевски му дофрли: „Брука си, срамота, кој дневен ред“.

Потоа Џафери му порача на Мицевски: „Правете што сакате, до мене не се доближувајте“. Потоа Џафери почна констатираше дека за дневниот ред се изјасниле 61 пратеник, а против 39 пратеници.

Мицевски и покрај се остана на пултот кај Џафери за да бара процедурално, пренесува “A1On“.

„Оди си на твоето место ако не си за тепање“, му кажа Џафери на Мицевски.

Инаку, Мицевски бараше процедурално за да се утврди бројот на пратеници, а Џафери го направи тоа дури откако пратениците гласаа.

„Можете да не сметате за диктатура, може за демократија, процедурата е таа. Ова е деловникот“, порача Џафери.

Мицевски потоа излезе на говорницата, но неговиот микрофон беше исклучен. Откако беше вклучен, тој кажа:

„Пред да го ставите дневниот ред на гласање донесовте одлука за промена на член од деловникот. Ова ќе се изучува како негативна практика на правни факултети“, рече Мицевски.

На тоа Џафери одговори: „Нека се изучува, треба да се изучува“.

„Јас барав да зборувам, а не вие да дискутирате со мене. Кога е бал, нека е маскенбал, да тераме до сабајле“, порача на крајот Мицевски.

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг