Connect with us

Македонија

(Документ) Бугарските барања се најдоа во преговарачката рамка – Еве што содржи францускиот предлог❗

Договорот за добрососедство со Бугарија, но и Договорот од Преспа потпишан со Грција, да станат дел од преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската Унија, се само дел од ставките во францускиот предлог за кревање на бугарското вето за земјава.

Франција со овој предлог планира да стане гарант за имплементација на условите, а предлогот да биде одобрен од другите земји членки на Европската Унија.

Но, што се содржи овој предлог за чија содржина македонската власт знаела и не успеала да испреговара непонижувачки услови за Македонија.

Ова е дел од содржината на францускиот предлог.

Според тоа билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ. Но покај тоа во условите влегуваат и записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати и покрај тоа што знаеме за Бугарија што значат опипливи резултати.

Според бугарските барања и очекувања за резултатите од комисијата се бара прифаќање на т.н. заедничка историја, понатаму прифаќање дека се до 1944 година е дел од бугарската историја, притоа менување на учебниците и спомениците низ земјава.

Понатаму според предлогот на Македонија и се отвара уште едно малцинско прашање, за што ќе треба отворање на Уставот, кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

Исто така во преговарачката рамка ќе влезе и процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .

Милошоски пишува дека Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој и одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори.

Македонија

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните средства ќе се овозможи континуирана експертска едукација за шеесет деца и млади на возраст од 6 до 18 години кои растат без родителска грижа и се соочуваат со последици од трауматски искуства, емоционални и развојни предизвици, како и различни когнитивни потешкотии.

Средствата ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, преку кој децата ќе добијат индивидуални сесии со психолози и специјални едукатори, како и терапевтски третмани во сензорна соба за оние кои имаат потреба од дополнителна поддршка во емоционалниот и когнитивниот развој. Овие услуги се од суштинско значење за нивното зајакнување, подобро справување со кризи и градење основа за здрав личен раст.

Од СОС Детско село Македонија истакнуваат дека поддршката е од огромно значење за континуитетот на нивната мисија. „Од срце им благодариме на Витаминка и на сите граѓани кои ја поддржаа кампањата. Витаминка уште еднаш покажа што значи вистинска општествена одговорност и посветеност кон децата. Благодарение на ова партнерство, можеме непречено да продолжиме да обезбедуваме стручна грижа и поддршка за секое дете, со верба во нивната подобра иднина,“ велат од организацијата.

За што поуспешно спроведување на кампањата за Стоби Флипс беше изработена и специјална амбалажа со што купувачите беа информирани за своето учество во донацијата и придонесе за подигнување на јавната свест и обезбедување поголема поддршка за децата без родителска грижа.

Од Витаминка додаваат дека се горди што кампањата успеала да ја мобилизира јавноста и да создаде реална промена. „Нашата цел беше да потсетиме дека секој мал гест на солидарност може да донесе голема разлика. Благодарни сме што потрошувачите ја препознаа важноста на оваа приказна и ни помогнаа заедно да донесеме надеж, грижа и поддршка таму каде што е најпотребно“, истакна Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.

Со оваа кампања, Витаминка и Стоби Флипс уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон најмладите и даваат силен пример за тоа како компаниите, заедно со граѓаните, можат да создадат поподобно, похумано и посреќно општество за секое дете.

Continue Reading

Македонија

Рекордна година за Скопје – аеродромот со 3 милиони патници, растот продолжува до 3,2 милиони

Меѓународниот аеродром Скопје денес го дочека својот тримилионити патник во една календарска година. Среќничката, Милена Таскова, беше изненадена на нејзиниот лет Скопје – Бари.

Раководството на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, приредија емотивно изненадување за госпоѓа Таскова.

Милена Таскова беше облеана во подароци: бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни авионски билета од авиокомпанијата Виз Ер (Wizz Air).

Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, не ја криеше својата возбуда:

„Го достигнавме тримилионитиот патник во една година! Првпат лета за Бари, и посакав среќа на неа и нејзиното семејство.“

Курт најави дека ова е само почеток. Според оптимистичките прогнози на ТАВ, Скопскиот аеродром до крајот на годината ќе заврши со 3,2 милиони патници, додека аеродромот во Охрид се очекува да достигне 262.000 патници.

Овој успех не само што го потврдува растот на авиосообраќајот во земјата, туку и ја зацврстува позицијата на Скопје како значаен регионален воздушен центар.

Continue Reading

Македонија

Автошколите под лупа: Дали договарале цени за обука на возачи?

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) фрли сенка врз работата на авто-школите во земјава, откривајќи индиции за можно картелско договарање на цените за обука на возачи. Одлучувачката Комисија за прекршоци при КЗК соопшти дека извршила голем, интензивен увид во повеќе од 40 авто-школи ширум Република Македонија. Целта е утврдување можни драстични прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата.

Она што го откри комисијата е многу сериозно. При увидот, се појавиле силни индиции кои упатуваат на усогласено однесување на авто-школите, односно нелегален картелски договор при формирањето на цените за кандидатите за возачи.

Ова потенцијално претставува директно кршење на клучниот член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, кој го забранува договорното однесување кое ја попречува или ограничува конкуренцијата.

Комисијата нема да застане тука. Тие најавуваат интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите факти поврзани со ова сомнително однесување.

Доколку истрагата го потврди постоењето на забранетото договорно дејствување – односно дека авто-школите им штетеле на граѓаните со вештачки надуени цени – КЗК порачува: ќе бидат преземени најостри мерки согласно законот.

Комисијата е посветена на заштита на фер пазарот и на интересите на потрошувачите – порачаа од КЗК, најавувајќи дека случајот ќе го следат до крај.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг