Connect with us

Македонија

100 години од раѓањето на Александар Сариевски: Неговиот музички опус е дел од македонското културно богатство

Денеска се одбележуваат 100 години од раѓањето на Александар Сариевски. На 20 јуни во 1922 година во селото Галичник е роден Сариевски, македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“.

Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“. Бил и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“.

Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.

Сариевски починал на 19 декември 2002 година.

Advertisement

Македонија

Изборот за вршител на функцијата државен јавен обвинител одложен

Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста државен јавен обвинител, откако пропадна итната седница поради отсуство на еден од членовите. Од Советот уверуваат дека станувало збор за оправдано отсуство.

„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите, се одложува за 22 декември 2025 година, понеделник, со почеток во 11 часот“, соопштија од Советот.

Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се реализира по итна постапка, откако досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието. Оставката дојде токму на денот кога пратениците требаше да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата.

По заминувањето на Коцевски, Собранието е обврзано во најкраток можен рок да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До тогаш, функцијата ја врши вршител на должност, кој се избира од редот на републичките јавни обвинители, а го именува Советот на јавни обвинители.

Continue Reading

Македонија

Ревизијата откри: СДСМ и ДУИ скрија 2 милиони евра во Лотарија на Македонија

Скандалот во Лотарија на Македонија, за што ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека милиони евра на граѓаните завршиле во рацете на кадри на ДУИ, додека СДСМ молчело и ги прикривало злоупотребите.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, додека институцијата беше под контрола на лица од СДСМ и ДУИ, се случиле сериозни финансиски неправилности, вклучувајќи злоупотреба на два милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека одговорните лица – Перпарим Бајрами и Артан Груби – ги фалсификувале и прикривале парите на граѓаните, додека владејачката партија ѝ давала „зелен сигнал“ на ова.

„Јавноста заслужува да знае каде завршиле овие пари и зошто првичниот криминал помина неказнето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата истакнува дека ова е само врвот на ледената санка, со оглед на долгогодишните злоупотреби во Лотарија и другите државни институции.

Во соопштението се наведува дека СДСМ и ДУИ систематски ги уништувале претпријатијата, празнеле буџети и го ограбувале народот, а со заминувањето на обвинителот Љупчо Коцевски, сега е време за одговорност и казнување на сторителите.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна проверка на сите трансакции и на јасен одговор кон граѓаните за тоа како и каде завршиле парите од Лотарија.

Continue Reading

Македонија

Нестабилно време: Сонце и облаци ќе се менуваат

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди кои ќе го разведрат денот. Претпладне, по одредени котлини, ќе се задржи магла која постепено ќе се повлекува, додека ветерот ќе биде слаб и променлив. Утринските температури ќе се движат од -5 до -1 степен, додека дневните ќе достигнат пријатни 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со тивок ветер. Претпладне маглата ќе ја покрие дел од котлината, создавајќи мистична утринска сцена. Минималната температура ќе се спушти до -4, а дневната ќе стигне до 6 степени.

Според најавите на УХМР, стабилното време ќе се задржи до понеделник, со претежно тивки услови. На некои места ќе се појави магла и поголема облачност, додека веќе во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг