Connect with us

Македонија

Никаде нема формулација дека Самоил бил бугарски цар!

Published

on

Членот на Мешовитата историска комисија, Огнен Вангелов уште еднаш повтори дека Комисијата нема мандат да утврдува натписи на споменици на споменици, музеи и тврдини.

-Не можеме ние да се договориме дека цар Самоил бил бугарски цар затоа што не дискутираме каков бил царот, туку како историографијата гледа на тоа царство и тука се воделе дискусии, нашата историографија, нивната и светската историографија. За цар Самоил има излезено заклучок тоа што беше договорено во 2019 година за заедничко чествување и има еден условен за учебниците, кој ќе биде конечен кога ќе се усогласат сите останати. Нема никаде формулација дека цар Самоил бил бугарски цар. Такво нешто во заклучоците на нашата комисија, вели Вангелов во емисијата „24 отворено“.

Македонија

Битиќи не го пријавил во анкетен лист накитот кој го одзеле крадците од неговиот дом

Published

on

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит, пишува порталот Фокус.мк

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР“.

Во раните утрински часови околу 3 часот наутро, три лица упаднале во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Тој за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата неговиот дом бил предмет на кражба.

„Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм.“ – вели Фатмир Битиќи за ТВ24.

Накитот за кој зборува Битиќи го нема во неговиот анкетен лист доставен Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во 2020 година кога вицепремиер за економски прашања, Битиќи пријавил куќа од 343 м2 која е проценета на 17,2 милиони денари. Тој вози „волксваген Т-рок“, а сопругата „мерцедес е-класа“ вредни 20.000, односно 30.000 евра.

Има три кредити, еден од 1,5, еден од речиси 2 и еден од 3 милиони денари кои треба да ги отплати до 2040 година, како и станбен кредит од речиси два милиони денари кој го подигнал во 2023 година.

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција: Паѓаат над 50 доктори, адвокати, службеници во ПИОМ поради злоупотреба на туѓа нега 

Published

on

Голема полициска акција во моментов спроведува Бирото за јавна безбедност. Според информации на Press24, станува збор за акција во која се опфатени се 49 луше поради злоуптреби со финансиска помош за туѓа нега. 

Според наши неофицијални информации, опфатени се 49 лица, а меѓу нив има доктори, член на комисија на ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро. 

Во моментот се вршат претреси на 21 локација, меѓу кои и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес. Полицијата врши претреси и на 15 домашни адреси на осомничени лица.  

Како што дознаваме, поднесени се кривични пријави за повеќе сторени кривични дела, злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда. 

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција утрово во Македонија – се апсат корумпирани доктори во мрежа составена од преку 50 лица!

Published

on

vonredna vest

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, објави News 24 Live.

Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро. Претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес, пишува News 24 Live.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк