Connect with us

Македонија

За тие што скенираат сметки, „Мој ДДВ“ ќе носи поголема добивка…

Published

on

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ.

Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите“, објасни Лукаревска.

Македонија

9 години по убиството на Димитар Матилоски, мајката бара одговорност за судиите

Published

on

Девет години нема ни трага ни глас од убиецот на 27 годишниот охриѓанец Димитар Матилоски чиј живот згасна на новогодишната ноќ во 2016-та година. Неговата мајка за ТВ Алфа вели дека треба да се преиспитаат сите кои учествуваа во судскиот процес и кои го пуштија убиецот на слобода.

Димитар Матилоски беше до смрт претепан од српскиот државјанин Бојан Угреновиќ пред влезот на угостителски објект, во непосредна близина на неговиот дом. Откако охридскиот Основен суд своевремено му го укина притворот, донесе решение убиецот да се брани од слобода, одредувајќи мерки на претпазливост лицето да не ја напушта Македонија. Иако му беше одземена патната исправа, тој избега и е недостапен за органите на прогонот. Угреновиќ убиството го извршил под дејство на опојна дрога амфетамин. Тој се појави само на првото рочиште и го снема. За издржување на казна затвор од 16 години по него е рапишана и меѓународна потерница.
„Замислете како една мајка се чувствува и после девет години да не е пронајден убиецот на нејзиниот син. Барам од државата да го пронајде убиецот Бојан Угреновиќ кој како да пропадна во земја, па не можат да го најдат. А и да се преиспитаат сите кои учествуваа во судскиот процес и кои го пуштија убиецот на слобода. Јас девет години немам никакви информации од институциите”, вели мајката ни Димитар, Драгица Матилоска.

Правда за Димитар бараат и неговите најблиски другари кои за да го свртат вниманието на јавноста и надвор од границите на државава, самоиницијативно учествуваа на белгратскиот маратон, носејќи маички со ликот на Димитар.

„На сите им докажаа што значи другарство, како се сака другар кој свирепо беше убиен. Покажаа дека насилството не се решава со насилство”, вели мајката.

Семејството на Димитар има оштетно побарување од 10 милони денари кое никогаш не го доби. Ништо не може да ја ублажи болката, нити да го врати Димитар, но само со вака високи суми, младите ќе се вразумат дека со тупаници и одземање на недолжни животи не се постигнува ништо, вели Матилоска.

„Со тие пари сакав да направам спомен чешма на која ќе пишува ‘Стоп на насилството’, а останатите пари да ги дадам за лекување на болни дечиња. Мајката на Димитар моли да биде пронајден убиецот на нејзиниот син и да биде спроведен во прилепскиот затвор за издржување на затворска казна од 16 години.

mkd.mk

Continue Reading

Македонија

Меџити во Истанбул со успешниот Албанец од Скопје, главниот советник на Ердоган

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во рамките на посетата на Истанбул, оствари средба со скопјанецот Сабри Демири, актуелен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Во градот Истанбул, каде што се среќаваат два континента и каде што историјата зборува со величественост, имав задоволство да го запознаам мојот пријател, Сабри Демири.
Албанец од Чаир, Скопје, син на нашата земја, кој со визија, труд и посветеност успеа да стане еден од најдоверливите советници на претседателот на Турција. Историја на успех која не доаѓа случајно, туку како резултат на албанскиот дух што не застанува пред ниту еден предизвик.
Оваа средба не беше само пријателски разговор, туку и момент на национална гордост. Бевме двајца скопјани, во еден од најголемите метрополи во светот, сведочејќи уште еднаш дека Албанците не познаваат граници кога станува збор за успехот. Секогаш е чест и гордост да се види сонародник кој постигнува големи успеси!“, напиша Меџити.

Continue Reading

Македонија

Жител на Гостивар “олеснет” за 200.000 евра, погледнете како го измамиле

Published

on

Измен жител од гостиварско од Нигериец и двајца Литванци за 200.000 евра.

На 01.01.2025 во СВР Тетово 58- годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С.(58) од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици.

„Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и во Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција. Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк