Connect with us

Инфо +

Четири викенди без ДДВ, во секој месец по еден викенд со ослободен ДДВ

Published

on

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман на владиниот предлог за викенд без ДДВ во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди – по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година. 

– Така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците со македонски производи и така ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.

Со нашиот предлог реално ќе се помогне на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ се искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатат овој наш амандман. Со тоа и ќе го реализираат она што го ветија. Во спротивно ќе покажат дека ја лажеле и манипулирале јавноста во предизборни цели – вели Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Свет

Путин подготвен да ја запре војната во Украина? Еве што бара за да се откаже од четири делумно окупирани територии

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин наводно понудил да ја прекине инвазијата на Украина долж тековната фронтова линија, во рамки на напори за постигнување мировен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Според наводите, Путин му соопштил на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на средба во Санкт Петербург дека Москва би можела да се откаже од барањата за анексија на делови од четирите делумно окупирани украински региони кои сè уште се под контрола на Киев.

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, потврди дека Виткоф ќе отпатува во Русија оваа недела за директни разговори со Путин. Таа изјави дека се надева на позитивен напредок и додаде дека Трамп е фрустриран од двете страни поради продолжените борби.

Според аналитичарите, најголемото барање на Владимир Путин е Вашингтон да ја признае руската сопственост на полуостровот Крим.

Continue Reading

Свет

Поранешен шеф на разузнавање предупредува: “Доколку Украина падне, на руските трупи ќе им бидат потребни неколку дена да стигнат до Кишинев”

Published

on

Поранешен шеф на разузнавање предупредува: „Ако Украина ослабe, руските трупи може да стигнат до Кишинев за неколку дена“

Јуриј Брицеаг, поранешен директор на воената разузнавачка служба на Молдавија (2020–2022), предупреди дека евентуален пробив на руските сили околу Одеса би овозможил брз влез во Приднестровје, од каде што би можеле за неколку дена да стигнат до Кишинев.

Во интервју за Kyiv Post, Брицеаг изјави дека ова не е шпекулација туку реална закана, особено имајќи предвид дека во Приднестровје се стационирани околу 3.000 руски војници и големо складиште оружје во Кобасна.

Иако не верува дека Украина ќе загуби, Брицеаг нагласува дека ситуацијата бара трезвена проценка. Тој се спротивставува на воено решение и повикува на внимателност, бидејќи во регионот живеат граѓани на Молдавија со документи, но со проруски ставови.

Според него, Русија сè повеќе применува хибридно влијание во Молдавија преку финансирање медиуми, партии, граѓански организации, па дури и црквата – која е под јурисдикција на Московската патријаршија.

Брицеаг предупредува и на зголеменото политичко маскирање: „Проруските сили сега се претставуваат како проевропски“, вели, алудирајќи на градоначалникот на Кишинев, Јон Чебан. Според него, актуелната влада ја губи довербата, а следните парламентарни избори на 28 септември 2025 ќе бидат клучни за иднината на земјата.

Continue Reading

Балкан

Силно невреме со дожд и град со големина на орев го зафати голем дел од Србија

Published

on

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град.
Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.

Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град.

Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат.

Дел српски медиуми јавија дека камион делумно пропаднал во асфалтот на автопатот близу Смедерево во текот на невремето. Од поројниот дожд е уништен дел од коловозот.

Во Белград имаше поројни врнежи и грмежи, па сообраќајот во некои делови од градот се одвиваше многу отежнато.

Претходно денеска РХМЗ издаде предупредување за врнежи од дожд и грмежи што се очекуваат на територијата на Србија во наредните четири дена.

Во централна Србија се уште врне силен дожд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк