Connect with us

Скопје

Ексклузивно: Цуфи Кока доби четири месеци затвор

Published

on

Јусуф Енузи-Кока доби 4 месеци затвор за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето, пренесува ТВ 21.

Информацијата ја потврдија членови на семејството на Кока, а тој е во домашен притвор се до стапување на правосилноста на првостепената одлука

Скопје

„Дедо Мраз дојде со воз“ – Мултимедијален новогодишен настан на Железничката станица во Скопје

Published

on

Заинтересираната публика може да го посети овој новогодишен настан на некоја од изведбите закажани за 26, 27, 29 и 30. декември.

„Дедо Мраз дојде со воз“ е насловот на мултимедијалниот новогодишен настан, што ќе се одржи денеска со почеток од 19 часот на музејската поставка и перонот бр.1 на Железничката станица во Скопје.

Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со јавните претпријатија Македонски железници АД Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура.

-Најмладите, но и сите возрасни што веруваат во Дедо Мраз, годинава ќе имаат уникатна можност да ја проследат оваа претстава која го следи големото доаѓање на Дедо Мраз во Скопје, со вистински воз, на перонот бр.1 на скопската железничка станица, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата.

Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – Инфраструктура, завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр.1 на Железничка станица во Скопје.

Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ.

Во претставата играат актерите Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Мила Трајковски, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и учениците од училиштето за театар „Од игра до претстава“.

Билети за претставата се останати само за изведбите закажани за 26.28. и 29.Декември 2024 со почеток од 19 часот и истите може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје, секој работен ден од 12 до 19 часот и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Драчево ја слави новогодишната зимска бајка

Published

on

Вечерва Драчево блеска во празнична магија со манифестацијата „Новогодишна зимска бајка“, организирана од Општина Кисела Вода. Насмевките на децата, топлината на заедништвото и звуците на македонската музика ја претворија оваа ноќ во незаборавно доживување.

„Оваа бајка ја создадовме за сите наши жители, особено за најмладите, кои вечерва уживаат во магијата на празниците. Наша цел е да ја задржиме оваа традиција и да создадеме уште повеќе моменти што ќе ги поврзат нашите семејства и заедницата,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Манифестацијата започна со настапот на детскиот фестивал „Поточиња“, каде децата пееја, играа и се фотографираа со Дедо Мраз и нивните омилени цртани јунаци. Забавата продолжува со настапи на македонски музички ѕвезди како ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска.

„Новогодишна зимска бајка“ ја покажа силата на празничниот дух во Драчево, привлекувајќи стотици жители и посетители. Со оваа манифестација, Драчево ја зацврстува својата позиција како една од најактивните заедници за време на празниците.

Continue Reading

Скопје

Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците

Published

on

Поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 110мм, во долот над Црквата Св. Мина н.Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улица 1, непарните улици 3,5,7и 9 и парните улици 8,10,12,14 и 16.

Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до завршување со работните активности.

Поради непристапност на теренот кај што се наоѓа дефекто истиот ќе се пролонгира за утре, 23 декември.

Како што соопштуваат од РЦУК, обезбедено е цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ горе наведените улици кој немат вода во н. Сопиште.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк