Connect with us

Скопје

Скопје на вашите родители: Чекање пред Ванила, дремење пред Метропол и финале – Чичко Стоилко

Published

on

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани.

Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје. Тие на корзото се движеа од 18 часот – дома мораа да се приберат во 20 часот.

Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот – шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер.

Исто така на времето во ГТЦ се одеше по сè: по шампити во Ванила, по плочи во Југотон, по костимчиња во Мура, по адидас во Словенија шпорт, по петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка, по лазањи во Рим-Париз, по сендвичи кај Чичко Стоилко, по пици во Жито лукс…

Еххх си беше едно време во старо Скопје на нашите родители …

Весник.мк

Скопје

Шест лица уапсени во Скопје

Published

on

На 21.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(19), Ф.Т.(24), М.К.(24), Н.С.(45), Б.С.(20) и А.Б.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: По половина век, улицата „Ѓорѓи Димитров“ добива современ лик

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја најави реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ како еден од најголемите инфраструктурни зафати во општината. По цели пет децении запоставеност, оваа важна сообраќајна артерија конечно ќе добие нов изглед.

Станува збор за улица долга 1,2 километри и широка 12 метри, која секојдневно ја користат стотици граѓани. Со реконструкцијата се предвидени нов коловоз, широки тротоари, паркинг простори и уреден зелен појас.

„Создаваме целосно ново урбано решение кое ќе го унапреди квалитетот на живот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе придонесе за поуредено секојдневие“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот е вреден 51 милион денари и се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија, преку Програмата за капитални инвестиции. Ѓорѓиевски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, исклучително значајната поддршка.

Во тек е и вториот повик за капитални инвестиции, на кој Општина Кисела Вода повторно аплицира. „Ова е можност што ние, како градоначалници, мора да ја искористиме за да обезбедиме подобри услови за нашите сограѓани“, истакна Ѓорѓиевски, повикувајќи и останатите општини да подготват квалитетни проекти.

Continue Reading

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер поделија велигденски ручек за социјално загрозените

Published

on

На најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер, како и со дел од својот тим, организираше и подели велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик. Во духот на празникот, со благослов, љубов и искрена грижа за секого, се испрати порака за хуманост, солидарност и заедништво.

– Христос Воскресе! Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе. Впрочем, тоа е големината на нашата вера и тоа е она на што нè учи Христос. Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник – мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим – истакна Ѓорѓиевски, честитајќи го празникот и посакувајќи им на сите неизмерна љубов во семејството, среќа, мир и бериќет.

-Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нè награди. Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден – потенцираше Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк