Connect with us

Македонија

Цели два часа се изживувал врз нејзе: Ќерката на убиената жена од Неготино го објави монструмот

Published

on

Ќерката на 46-годишната жена од Неготино, која почина откако партнерот крвнички ја претепа, се огласи јавно и објави негова фотографија на социјалните мрежи.

Девојчето кое ја изгуби мајката раскажува за ѕверското изживување кое го претрпела нејзината мајка Љ.Г., но и апелира до сите жени да не трпат никакво насилство, туку да се изборат за самостојност.

Јавно сакам да го објавам МОНСТРУМОТ кој ноќта на 02.08.2022 влегол во домот во кој живеевме со мајка ми, и нанел тешки повреди на черепот и мозокот, воедно имаше и внатрешно крварење по рацете и градниот кош. Цели два часа се иживувал, па повикал итна медицинска помош, во коматозна состојба била префрлена во опшата болница Кавадарци каде и била укажана максимална помош за опстанок во живот, се бореше бидејќи таа беше жена борец, од таму била префрлена во државна болница Скопја на одделение-КАРИЛ каде што и направиле операција на главата. Јас бев надвор од градот кога утрото во 06:30 часот не известија соседите за настанатата ситуација, па по еден час не известија и од полициската станица. Цели четири дена беше приклучена на апарати се бореше до последниот здив бидејќи имаше страшна повреда од МОНСТРУМСКИ раце, таква повреда до сега не е направена од сообраќајна незгода. Но за жал не издржа, кога се јавив во болница дента на 06.08.2022 во болница ме известија дека состојбата е влошена за да по два часа ми се јават и изразат сочувство. Болката и тагата е неизмерна, таква борбена мајка се раѓа еднаш на 100 години. Па драги мои жени апелирам до сите вас неплашете се од никој затоа што ниту еден маж не е повеќе од вас, вашите мајки не ве носат во стомак 9 месеци и не ве растат за кога ќе станете самостојни жени некој да се иживува со вас, помислете на најлошото што може да го стори, бидејќи од вакви гади си патиме, пишува Емилија Грнева.

Повеќе тука 

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски се дружеше со дечињата со церебрална парализа

Published

on

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес се дружеше со дечињата со церебрална парализа во нивниот клуб во Расадник. Заедно поминаа неколку часа во кој сликаа, украсуваа глинени вазнички, предмети, а средбата ја надополнија и со песна и смеа.

– Денеска со големо задоволство поминав неколку незаборавни часови со дечињата со церебрална парализа во нивното катче за дружење, едукација и социјализација во Расадник. Заедно сликавме, украсувавме, а овој ден го збогативме со песна, смеа и искрени насмевки.

Ова катче, кое постои веќе трета година, претставува мал, но значаен простор каде што децата со церебрална парализа можат да се изразат, да создаваат и да се чувствуваат прифатени. Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашето општество, а ние имаме обврска да создадеме услови каде што секој поединец ќе може да го достигне својот потенцијал. Само преку заеднички напори можеме да изградиме општина и заедница во која секој ќе има еднакви можности и право на среќа и успех.

Денеска од овие прекрасни дечиња добив бесценети моменти на инспирација и сила. Им благодарам и на нив и на нивните семејства за гостопримството и за тоа што ни покажуваат колку е важна човечката топлина и емпатијата. Заедно ќе продолжиме да работиме за општество без бариери и заедница која инспирира-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Катчето за дружење, едукација и социјализација деца заболени од церебрална парализа во Расадник функционира веќе трета година. За овој простор и за тековните трошоци, средствата ги обезбедува лично градоначалникот и неговиот кабинет.

Општина Кисела Вода

Continue Reading

Македонија

Средба Сиљановска Давкова со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура

Published

on

Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од јапонската Влада, предводена од комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, чија работна посета се реализира во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, како и за улогата на културната политика и дипломатија и важноста од унапредувањето на соработката во областа на културата.

Претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.

Оценувајќи дека Меморандумот отвора нови можности за продлабочување на културната соработка, претседателката ја изрази својата поддршка на сите активности и иницијативи насочени кон воспоставување на културна размена и дијалог, како и развојни проекти од областа на културниот туризам.

Во таа насока, таа ги истакна нејзините заложби за меѓународна соработка, промовирање на културна размена како дел од дипломатските односи, за развој на македонските културни центри во странство и соодветна презентација на македонските културни вредности во светските музеи.

Во разговорот со Шуничи, Претседателката изрази задоволство што повеќе реномирани македонски уметници наредната година, ќе ја претстават нашата држава на ЕКСПО ОСАКА 2025, токму со изложбена поставка која ги отсликува особеностите на значајниот проект за постземјотресната реконструкција на Скопје, на јапонскиот архитект Кензо Танге.

На средбата, Претседателката истакна дека Јапонија многупати досега го има потврдено пријателството кон нашата земја и изрази благодарност за континуираната јапонска поддршка преку различни донации, грантови и проекти кои имаат за цел да го стимулираат нашиот економски и општествен развој.

Во таа насока, беше оценето дека за нас е особено важна јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, како и споделувањето на јапонското искуство и знаење во делот на развојот на човечките ресурси и подобрување на капацитетите.

Continue Reading

Македонија

МВР вработува 39 извршители

Published

on

ЈАВЕН ОГЛАС
Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Министерството за внатрешни работи, објавува:

Ј А В Е Н О Г Л А С

За прием на 39 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време и тоа за следните работни места:

  1. Автомеханичар во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 4 извршители со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  2. Автоелектричар во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 2 извршители со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  3. Автобравар во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  4. Автолакер во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  5. Дреар – бравар во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  6. Перач – подмачкувач во Одделение за возен парк, возила и механичарски работилници во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 3 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
  7. Офсет машинист во Одделение за административни и заеднички работи во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 1 извршител со завршено средно – ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  8. Ракувач со фотокопир во Одделение за административни и заеднички работи во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  9. Општ работник во Одделение за административни и заеднички работи во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 4 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
  10. Келнер во Одделение за административни и заеднички работи во Сектор за работи од општа надлежност во Оддел за општи и заеднички работи – 2 извршители со завршено средно образование во областа без работно искуство;
  11. Главен готвач во Објект Охрид – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  12. Готвач во Објект Охрид – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
  13. Келнер во Објект Охрид – 2 извршители со завршено средно образование во областа без работно искуство;
  14. Садоперка во Објект Охрид – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;
  15. Хаус мајстор во Објект Охрид – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
  16. Готвач во Објект Крани – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
  17. Келнер во Објект Крани – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
  18. Собарица – хигиеничар во Објект Пониква – 2 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
  19. Столар – водоинсталатер во Центар за обука – 1 извршител со КВ или средно образование во областа без работно искуство;
  20. Одржувач на парно греење во Центар за обука – 1 извршител со ВКВ или средно образование во областа со положен ATX испит за работа со парни котли под висок притисок без работно искуство;
  21. Општ работник во Одделение за општи служби и логистика во Сектор за внатрешни работи Скопје во Биро за јавна безбедност – 2 извршители со завршено средно образование без работно искуство;
  22. Хаус мајстор во Одделение за општи служби и логистика во Сектор за внатрешни работи Скопје во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
  23. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Битола во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
  24. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Велес во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
  25. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Охрид во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
  26. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Штип во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
  • дневно работно време се утврдува со почеток на работното време од 08:00 часот и завршеток на истото до 16:00 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа;
  • неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок);
  • правото на пауза во текот на дневното работно време се користи од 12:00 часот до 12:30 часот во вкупно времетраење од 30 минути и
  • основната нето плата за работните места под реден број ¬¬3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 14, 15, 17, 18, 21, 22, 23, 24, 25 и 26 изнесува 23.245,00 денари, за работните места под реден број 1, 2, 12, 16, 19 и 20 изнесува 23.800,00 денари, додека пак за работното место под реден број 11 изнесува 24.651,00 денари.
  1. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
  • диплома за завршено образование;
  • извод од матична книга на родените;
  • сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
  • кратка биографија и мотивациско писмо.
  1. Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и:
  • извод од историјатот на вработувањата, издаден од Агенцијата за вработување;
  • препораки од претходните работни места кои содржат податоци од лицето кое го препорачува;
  • потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и
  • други документи од интерес.
  1. Пријавата со потребната документација е потребно да се поднесе во едно од определените места за пријавување, и тоа:
  • Сектор за внатрешни работи Скопје:
  • Полициска станица од општа надлежност – Гази Баба,
  • Полициска станица од општа надлежност – Бит Пазар и
  • Полициска станица од општа надлежност – Карпош.
  • Сектор за внатрешни работи Битола;
  • Сектор за внатрешни работи Велес;
  • Сектор за внатрешни работи Куманово;
  • Сектор за внатрешни работи Тетово;
  • Сектор за внатрешни работи Охрид;
  • Сектор за внатрешни работи Струмица,
  • Сектор за внатрешни работи Штип.
    При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува (со наведување на точката од 1 до 26).
    Потребната документација од точка 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08:00 – 16:00 часот).
    Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат и по пошта на адреса: ул.„Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје со назнака „за оглас за прием на 39 извршители“.
  1. Документот за докажување на државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
  2. Кандидатите не се должни да достават доказ за здравствена способност, односно Министерството за внатрешни работи при склучување на договорот за вработување ќе одлучи дали кандидатот ќе биде упатен, на товар на Министерството, пред Здравствената Комисија на Министерството за внатрешни работи заради утврдување на општата здравствена способност потребна за работното место.
  3. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 (седум) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
    Кандидатите се охрабруваат да ја посетат web страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја преземат пријавата за вработување или истата може да ја подигнат на едно од определените места за достава на документација.
    Изборот ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати и тоа доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
  4. Ненавремената, непотполната и несоодветната документација нема да се разгледува.

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

https://mvr.gov.mk/vest/33240

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк