Connect with us

Македонија

Во основно училиште во Прилеп тоалети украсени со Гучи, Прада, Диор

Published

on

Логоата на Гучи, Версаче, Диор, Зара, Луј Витон се дел од ѕидовите на реновираните тоалети на основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп. Директорот на училиштето Ахил Јаков на својот фејсбук-профил веќе се пофали дека ова се најмодерноите тоалети во Македонија. Дел од родителите веќе реагираат за тоа на кои вредности се учат нивните деца.

Тоалетите, како дел од проектите на локалната самоуправа, се навистина реновирани во оригинален стил. На ѕидовите се насликани ликови и јунаци од цртани филмови. Она што најмногу предизвика внимание и коментари се цртежите на женските тоалети со логоата на брендовите Гучи, Версаче, Диор, Зара, Луј Витон.

За овој дел, коментарите се дека е ова кич, дел од родителите прашуваат дали е ова најсоодветниот дизајн за тоалет за ученици од едно основно училиште, која е тука вредноста која им се поставува како цел на учениците…

Македонија

Детски џагор и песни го разубавија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Published

on

Децата – гордост и иднина на Македонија: Претседателката Сиљановска-Давкова ги пречека дечињата во Кабинетот

Денеска Кабинетот на Претседателот на Република Македонија блескаше во детска радост и музика. Насмеани и распеани, учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром, заедно со децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода, беа гости на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во нивна придружба, Претседателката со почит ја проследи Церемонијата на свечено менување на државното знаме – симбол што, како што рече, зборува повеќе од илјада зборови и го носи духот на татковината.

„Вие сте нашите сонца, нашите месечини и нашите ѕвезди,“ им порача Сиљановска-Давкова на најмладите, инспирирана од песните кои ги испеаја во чест на Македонија, Скопје и сонцето.

Децата не ја пропуштија можноста да ѝ постават низа љубопитни прашања – од омилената боја и храна, до тоа што значи да се биде претседател. Сиљановска-Давкова со насмевка одговори, споделувајќи дел од својот живот и обврските што ги носи највисоката државна функција.

На средбата се потенцираше важноста на националните симболи и потребата од нивно почитување. „Каде што е знамето – таму е државата,“ истакна Претседателката, подвлекувајќи ја силата на заедничката припадност и иднината која се гради преку љубов и знаење.

Continue Reading

Македонија

Продолжен притворот за сите осомничени за пожарот во Кочани, тројца одат во куќен притвор

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.

Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката, соопштија од Обвинителството.

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Continue Reading

Македонија

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ – Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

Published

on

На денешното испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска, такото на Вања, Александар Ѓорчевски, објаснуваше што се случувало во текот на преходниот ден, како и на денот на исчезнувањето на неговата ќерка.

Според него, на помалата ќерка Миња, во текот на целата учебна наставата во петок и започнувала од вториот час. Но, поради обврски на класната и во понеделник на 27.11 таа почнала со настава од вториот час.

„Само вие од сите обвинети овде знаевте дека тој ден Вања ќе оди сама на училиште“, беше прашањетпо од обвинителката, а на тоа Александар одговори дека тој знаел, но не знае дали другите тоа го знаеле.

Како што рече Александар, тој пратил порака и до децата да се облечат добнро, а како што нагласи, истата порака и ја испратил и на сопругата Зорица. На ова обвинителката се интересираше зошто барал од ќерките да се облечат топло, како за на скијање, а не за училиште.

Фактор.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк