Connect with us

Македонија

Најнова вест: Koмората за енергетика бара одземање на лиценцата на ЕВН

Published

on

Услугата за пренос на струја им е речиси двојно повисока од потрошената електрична енергија, се жалат граѓани деновиве, откако ги добија новите сметки од ЕВН. Жител на Велес добил фактура во која за струја треба да плати 1500 денари, а за нејзиниот пренос и дистрибуција, дури 2200. На друг пак за истата потрошена струја, ЕВН му фактурирала 1500 денари. Ова доаѓа по јулското поскапување на струјата, а новина е и начинот на тарифирање во блокови, но и издвоената ставка за пренос и дистрибуција. Од ЕВН велат дека ова и порано се плаќало, но било вкалкулирано во цената на струјата. Објаснуваат дека разликата во сумите кај преносот се должи на потрошувачката во евтина и скапа тарифа.

„Помал износ за потрошена електрична енергија во однос на износот пренос и дистрибуција на електрична енергија може да се добие во зависност од потрошувачките навики на домаќинството. Пример, дали корисникот многу повеќе троши во ниска тарифа во однос на високата или пак во висока тарифа троши помалку во рамки на пониските блокови.“

На ова реагираат од Стопанската комората за енергетика. Обвинуваат дека ЕВН со овој трошок прави огромни профити и бараат од државата да си го врати преносот и дистрибуцијата на струјата во своја надлежност.

Крадењето на струја е една од причините за воведување на високи трошоци кон граѓаните, тврдат членовите на комората за енергетика. Дел од нив сведочат дека струја се краде многу повеќе од она што се знае во јавноста, но велат дека ЕВН тоа го толерира, оти на крајот граѓаните го плаќаат.

Од комората велат дека надлежните од ЕВН постојано ги одбиваат иницијативите за средба. Обвинуваат дека универзалниот снабдувач е оној кој го кочи пуштањето на фотоволтаичните централи. Затоа, членовите на ова тело ќе иницираат протести, во кои, покрај граѓаните, ќе се вклучат и другите стопански гранки.

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк