Connect with us

Скопје

ТРАГЕДИЈА: Млад скопјанец пронајден мртов во домот на неговата мајка

Published

on

Вчера во 14.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на неговата мајка бил пронајден починат М.Д.(38) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје

Ѓорѓиевски: Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека сите основни училишта на територијата на општината до средината на мај ќе бидат покриени со фотоволтаични системи, што претставува дел од пошироката стратегија за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Досега, фотоволтаици се поставени во училиштата „Кирил Пејчиновиќ“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Партенија Зографски“ и „Круме Кепески“. Се работи за он-грид системи со капацитет до 20 киловати, кои ќе овозможат значително намалување на потрошувачката на електрична енергија и пренасочување на заштедените средства кон подобрување на наставниот процес.

„Со овој проект не само што заштедуваме енергија и ги намалуваме трошоците, туку и директно инвестираме во подобри услови за образование. Нашата визија за модерна и еколошки одговорна општина продолжува“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за образование, Бирото за регионален развој и Скопскиот плански регион, како и до сите институции кои помогнаа за реализација на проектот.

Continue Reading

Скопје

Украдено службеното АУДИ на градоначалникот од Aеродром

Published

on

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“.

Според пријавата, возилото исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април. По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.
Јавува:4news

Continue Reading

Скопје

Дојави за бомби во училишта во Скопје

Published

on

Министерството за внатрешни работи утрово добило дојава за бомби во две средни училишта на територијата на Скопје.

Од МВР официјално за случајот велат дека на 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.

Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк