Connect with us

Македонија

Ја лажеле дека ќерка ѝ згазила дете и ѝ барале 20.000 евра да не оди во затвор, полицијата приведе двајца Бугари

Published

on

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор.

– Вчера (13.09) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром, соопштија денеска од МВР.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува.

Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И..

– Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која  го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го признал делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици,  случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading

Македонија

Прилепчанка во неверување: Сметка за струја 250 евра, а домот празен!

Published

on

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари, пишува Алфа.

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

„Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?! За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?! – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк