Connect with us

Македонија

Левица му поднесе кривична на Талат Џафери за референдумот

Published

on

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. – велат од ЛевицаПријавениот се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена минимална затворска казна од најмалку три години. Во пријавата се нотира дека, со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот арбитрарно го ускратил врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на референдум. Со тоа, тој од старт ја осуетил и ја спречил законската можност за собирање потписи за распишување државен референдум, гарантирана во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, манипулирајќи ја и непочитувајќи ја изречно предвидената подзаконска деловничка процедура за постапување во случај на поднесена иницијатива од група-граѓани, како овластени предлагачи. Имено: (1) Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку исклучиво може само да ја цени нејзината уредност, како поднесок, од формално-правен аспект; (2) Toj не можел сам, без претходно прибавено мислење од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата; (3) Џафери бил должен прашањето да го префрли на парламентарниот пленум на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре, бидејќи единствено Собранието, во полн состав, на пленарна седница, е надлежно ad meritum да одлучи за уредноста или неуредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“)!? – информираат од Левица

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк