Connect with us

Македонија

Ковачки: Ковачевски дезертирал од војска 2001-ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен,

Published

on

Денеска откриваме нов скандал за премиерот – дезертер од Армијата на Република Македонија, изјави на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен. Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови. Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски СВЕСНО го избегнал служењето на воениот рок во АРМ. Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата. Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана. Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата, истакна Ковачки.

Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен? Праша Ковачки.

Македонија

Помилуван Ѓоко Поповски кој беше обвинет за набавката на возила и за блиндираниот „Мерцедес“

Published

on

Најголемата жртва на лудилото наречено СЈО конечно на слобода.

Ѓоко Поповски, екс помошникот на министерот за јавни набавки во МВР, конечно излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана денеска од македонската претседателка Гордана Силановска Давкова, осудениот за Триста и Тенк во предметите на СЈО е после 9 години на слобода.

Овие предмети произлегоа од таканаречените бомби на Зоран Заев од кои практично не се докажа никаква вина на Поповски за набавките на службени полициски возила и блиндирано возило за превоз на домашни и странски државници.

Овој судски предмет е веројатно единствениот во кој беа во целост испочитувани нарачките од страна на тогашното раководство на СДСМ кон судиите и обвинителите кои во то време со гордост беше кажувано дека биле “како пупка отворени”.

300 те набавени возила во далечната 2008 ма година, сеуште се користат во МВР и може да се видат редовно и буквално секојдневно низ македонските улици како пренесуваат полицајци или осомничени за кривични дела исто како што и сеуште се користи блиндираниот мерцедес.

Извор: Трендинг.мк

Continue Reading

Македонија

Временска прогноза: Еве какво време не очекува во наредните денови

Published

on

До сабота (5 април) во Македонија ќе се задржи релативно топло и без некои поголеми температури разлики во однос на овие кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер, и тоа во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста процесите да бидат и во форма на краткотрајно невреме со појава на град.

И во Скопскиот регион до сабота (5 април) ќе се задржи релативно топло и променливо облачно време. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Димитриеска-Кочоска: ОБСЕ е важен партнер во реформските процеси

Published

on

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што ја истакна значајната улога на ОБСЕ во поддршката на реформите во земјата.

„Мисијата на ОБСЕ има значајна улога и таа е добредојдена во поддршка на домашните напори за унапредување и усвојување на реформски закони, како и во спроведување на постоечките стратегии и акциски планови“, истакна министерката.

Димитриеска-Кочоска нагласи дека соработката со ОБСЕ е долгорочна и се одвива во повеќе области, што е доказ за сигурно и доверливо партнерство. Таа посочи дека поддршката од оваа меѓународна организација е особено важна во контекст на евроинтеграциските процеси на земјата.

ОБСЕ со години наназад има значаен придонес во спроведувањето на реформите, а како што беше истакнато на средбата, таа соработка ќе продолжи и во иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк