Connect with us

Македонија

Ќе стане ли сексуалното образование изборен предмет во училиштата ?

Published

on

Во ниту едно училиште нема сексуално образование. Пробно се предаваше лани во две училишта и покажа дека уште е табу, но има и голема заинтересираност. Бројот на малолетнички породувања во Македонија е три пати поголем отколку во замјите на ЕУ.

Воведувањето на сексуалното образование како изборен предмет во училиштата беше најавено како дел од новата концепција во образованието.

Минатата година во дел од училиштата низ земјава се воведе како пробен проект.

Меѓу нив беа основното училиште „Јан Амос Коменски“ од Скопје и основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово, каде учениците во деветто одделение го изучуваа предметот како изборен во првото полугодие.

Какво е искуството на училиштата ?

Иако наставниците се согласни дека изучувањето на предметот како изборен треба да продолжи, сепак искуствата се различни.

Стравот и сомнеж за начинот како ќе се изведува и што ќе вклучува наставата се уште се проблем со кој се соочуваатучилиштата.

Директорот на ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово вели дека најавата дека ќе се изучува сексуално образование во неговото училиште прво била прифатена со одбивност кај голем дел од родителите.

„На улица дури ме стопираа родители кои ми велеа како смеете да дозволите такво нешто, но без да ја знаат содржината на темите кои се изучуваа. Овие работи се уште се табу кај нас“, вели директорот Риза

Бидејќи ова е се уште табу тема во општеството, заинтересираноста од страна на родителите и учениците не беше на задоволително ниво, вели наставничката Катерина Цветкоска, која што е една од наставниците кои го предавале овој предмет.

„Од севкупниот број на ученици кои требаше да бидат вклучени, учествуваа околу 10 %“, објаснува наставничката.

Директорот на тетовското училиште сепак потенцира дека потребна е поголема информираност околу тоа што всушност значи изучувањето на предметот.

„Морам да кажам дека темите беа многу корисни, како заштита од несакана бременост, насилство врз жените, сексуално преносливи болести… Информации кои наместо да ги добиваат на социјалните мрежи и Интернет, подобро е да ги добијат во училиштата од соодветни едукатори“ , објаснува директорот Етеми.

Искуството во ОУ „Јан Амос Коменски“ пак е поразлично. Директорката Маја Старова вели дека кај нив биле формирани дури две паралелки.

Имало заинтересираност и кај учениците и кај родителите.

„Ние дури имавме реакции од родителите зошто да не се продолжи и да стане дел од новата концепција и да биде можност за учениците да се избира како изборен предемет“, вели директорката Старова.

Наставната програма била подготвена заедно со експерти и со Бирото за развој на образованието, а биле формирани две паралелки.

Извор: Радио Слободна Европа

Македонија

Судот ги прифати предлозите на обвинителството – изречени притвор и мерки за 18 лица осомничени за пожарот во Кочани

Published

on

Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството.

„Добиени се 18 барања, за четири лица е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица е изречена мерка за претпазливост согласно членот 146. Сите имаат право на жалба во законски рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа“, потврдија за МИА од Основниот суд Кочани.

Сите 19 новосомничени лица, како и претходните 27 физички и три правни лица, за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Од новоосомничените, тројца се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување покрај претходно еден директор кој е веќе во постапка, еден генерален инспектор во Дирекција за заштита и спасување, тројца министри за економија, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија и четири пазарни инспектори во ДПИ.

Едно лице од 19-те новосомничени во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција рече дека очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер за економија Дритон Кучи кој е надвор од државата, а кој е еден од 19-те новоосомничени во проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани.

Истрага се води и против седум полициски службеници.

Коцевски најави и дека претстојат уште многу дејствија, распити и анализи, потенцирајќи дека истрагата ќе биде максимално ефикасна и ќе ги даде сите очекувани одговори за оваа трагедија.

Истрагата за случајот со катастрофалниот пожар од 16. минатиот месец мора да заврши за уште два месеци.

Извор: НетПрес

Continue Reading

Македонија

Тошковски: Досега истрага против 45 физички и три правни лица, времето кога беа криви пајакот и кабелот заврши

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (13.04.2025) на заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани во соработка со МВР ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Тој нагласи дека сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од нив, за 4 осомничени е предложена мерка притвор, за 7 осомничени мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување комуникација, додека за уште 7 се предложени мерки за претпазливост. Еден осомничен во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата.

Со ова, до овој момент, во врска со пожарот истрага е поведено против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на документацијата за неговата смрт, постапката за него ќе биде запрена. Дополнително, истрага се води и против седум полициски службеници во постапката што ја отпочна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција односно Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција. И во тој дел истражните дејствија продолжуваат за целосно утврдување на линијата на одговорност, за што јавноста ќе биде веднаш известена.

„Сакам да упатам една јасна порака до македонските граѓани, а тоа е дека време кога пајакот и кабелот беа криви заврши. Македонските граѓани можат да направат разлика и за она што досега е спроведено, во споредба на што досега било правено претходно. Мислам дека на секој еден од нас му е јасно дека разликата е огромна, дека за разлика од претходно со оние три, четири трагедии коишто цело време се споменати во јавноста, каде што имавме повеќе од седумдесеттина жртви. Во минатото МВР немаше поднесено никаква кривична пријава до Јавното обвинителство. Во минатото МВР, немаше ниеден осомничен којшто би требало да го процесуира и даде на понатамошна обработка на Јавното обвинителство.“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски упати јавна порака до македонските граѓани, а тоа е дека времето кога пајакот и кабелот беа криви заврши.

„Македонските граѓани можат да направат разлика и за она што досега е спроведено, во споредба на што досега било правено претходно. Мислам дека на секој еден од нас му е јасно дека разликата е огромна, дека за разлика од претходно со оние три, четири трагедии коишто цело време се споменати во јавноста, каде што имавме повеќе од седумдесеттина жртви. Во минатото МВР немаше поднесено никаква кривична пријава до Јавното обвинителство. Во минатото МВР, немаше ниеден осомничен којшто би требало да го процесуира и даде на понатамошна обработка на Јавното обвинителство.“, дециден беше министерот Тoшковски.

Тошковски образложи дека не смее да се дозволи истрагата да биде под влијание на политичките препукувања од недобронамерниците кои сакајќи на гневот на македонските граѓани да заработат некој политички поен, можат да го изместат текот на настаните во непосакувана насока од аспект на спроведување на законита, темена и професионална истрага од страна на органите на прогонот.

„Нема да го дозволиме тоа. Ќе продолжиме и понатаму да работиме и за секој еден што ќе биде утврдено било каква причинско последична врска со предметниот кривично правен настан каде што загинаа 61 млад човек, ќе биде преземено соодветно дејствие, во рамки на законските надлежности коишто се дадени, како на Министерството за внатрешни работи, така и на Јавното обвинителство.“, нагласи на крај министерот Тошковски.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Документарец кој Грција никако не сака да го видите

Published

on

Овој драгоцен документарен филм сведочи за жилавоста на македонскиот дух во Егејска Македонија.

Приказната на овие луѓе е многу емотивна и убаво раскажана: тие се познаваат уште од детството и денес живеат во куќата на еден од нив, која се наоѓа спроти куќата во која таа пораснала како мала. Но, документарниот филм има и грди страни.

За време на снимањето на автентичните сведоштва на нашите луѓе во Грција, целата екипа која работела на документарниот филм – продуцентот, снимателот и двата режисери – добиле забрана за влез во Грција. На некои од нив, оваа забрана им е редовно обновувана и продолжува да важи до денешен ден.

Погледнете го документарниот филм во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк