Connect with us

Македонија

На се бањајте толку често, гасете сијалици, крстот многу свети… во меѓувреме во Чаир…

Published

on

На се бањајте толку често, гасете сијалици, Крстот многу свети. Во меѓувреме во Чаир… пишува граѓанин со видео од електрична табла за струја- 🙂

„Во ормарите нема ниеден струјомер. Ова е најверојатно зграда во изградба. Ако е зграда во изградба броилото е во трафостаница и сите овие приклучоци се врзани после броило. Сепак треба ЕВН да провери. Ако се сомневаш пријави не постирај по социјални мрежи“ – вели еден граѓанин во коментар на видеото.

„На толку експерти за струја на m3 изгледа Никола Тесла бил Македонец“ – пишува Струјаџијата на твитер мрежата.

Македонија

Тепачка меѓу девојки во Чаир поради сообраќајна незгода

Published

on

Тепачка помеѓу две девојки во Скопје по сообраќајна несреќа.

Според полицискиот билтен, денеска во 02:10 часот во СВР Скопје, И.Ј.(27) од Скопје пријавила дека околу 01.40 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, била физички нападната од 32-годишната М.К. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Истрагата за пожарот во Кочани во тек, МВР постапува по насоки на Обвинителството

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека се надеваат дека истрагата за пожарот во Кочани ќе биде завршена за максимално краток временски период, за да се продолжи со останатите дејства во постапката.

„Сите преземени активности во рамки на истрагата се споделени со јавноста“, истакна Тошковски, додавајќи дека истрагата се уште е во тек и се води од страна на Јавното обвинителство. Министерството за внатрешни работи, како што напомена, постапува по добиени насоки и наредби од ЈО.

Последните информации од Основното јавно обвинителство во Кочани се дека е поднесен предлог за замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, со мерки на претпазливост. Првпат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен кој досега бил на лекување по пожарот во Кочани.

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, останува во притвор, додека поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, преминуваат од затворски во куќен притвор.

Continue Reading

Македонија

Малолетник со мотор удрил во тројца пешаци на кејот во Охрид, во паркирано возило и на крајот избегал

Published

on

Синоќа околу 21 часот, на улицата „Кеј Македонија“ во Охрид се случи сообраќајна несреќа во која 15-годишен мотоциклист удри во двајца малолетни пешаци, како и во 18-годишната М.И. од Скопје. По ударот, мотоциклот продолжил и се забил во паркирано патничко возило од марката „Киа“ со охридски таблички, по што возачот веднаш избегал од местото на настанот. Благодарение на брзата реакција на полицијата, малолетникот е идентификуван и пронајден. Случајот е целосно документиран и се преземаат соодветни мерки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк