Connect with us

Скопје

Поранешен бугарски репрезентативец: Не ми е јасно како Македонците ја исвиркуваа химната на нивните баби и дедовци!

Published

on

Бугарија ја доби Македонија со 1-0 во балканското дерби кое беше повеќе од натпревар од многу познати причини.

Противникот не беше добро пречекан од публиката на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, беше исвиркана химната, фудбалерите, имаше и навреди што донесе реакции кај јавноста во кај источниот сосед.

Некои коментари беа одмерени, но некои беа директна провокација за нас како што се зборовите на поранешниот репрезентативец на оваа земја, Станислав Ангелов. Некогашниот член на Левски, ЦСКА Софија, Енерџи Котбус и Анортозис им се чуди на македонските навивачи зошто ја исвиркувале бугарската химна, химна која според него е на нашите баби и дедовци.

-Мене лично ми е мнгу чудно како може да ја исвиркаш химната на баба ти и дедо ти? Целата работа е многу чудна, но пропагнадата е многу тешка, истакна Ангелов за БНТ.

Скопје

ЗОО Скопје: Јагуарката Инес под интензивна нега, откриени метастазирани тумори, се прави сè за нејзината благосостојба

Published

on

Јагуарката Инес, една од најстарите жителки на Зоолошката градина, е под постојан надзор на ветеринарните експерти откако кај неа биле откриени метастазирани тумори.

Инес има 22 години, што е значително над просечниот животен век на јагуарите во природата, кој изнесува од 12 до 15 години. Во зоолошките градини, најстарите единки доживуваат до 23 години, што ја прави Инес вистински борец.

Тимот од Факултетот за ветеринарна медицина, заедно со вработените во Зоолошката градина, интензивно работи на нејзиното лекување и подобрување на нејзината благосостојба. Преку детални испитувања и компјутерска томографија, биле откриени здравствените проблеми, а сега се преземаат сите можни мерки за да ѝ се олесни состојбата.

„Грижата за животните секогаш треба да биде на прво место. Заедно со експертите од Факултетот за ветеринарна медицина, правиме сè што можеме за подобрување на здравјето на Инес, но и на сите други животни. Факултетот располага со најсовремена апаратура и врвни ветеринари кои несебично се вложуваат во оваа мисија,“ истакнуваат од Зоолошката градина.

И покрај здравствените предизвици, Инес останува симбол на издржливост и сила, а нејзиниот тим се бори да ѝ обезбеди најдобра можна грижа во оваа фаза од нејзиниот живот.

Continue Reading

Скопје

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Две жени се обидуваат да го заштитат детето од автомобил кој вози по пешачка патека (ВИДЕО)

Published

on

Во Скопје се случи нов инцидент со несовесен возач, што продолжува со хаосот во сообраќајот и непочитувањето на сообраќајните правила. На видеото направена во близина на трговскиот центар „Мавровка“ се прикажува моментот кога возило на марката Audi се движи по пешачка и велосипедска патека, загрозувајќи ги пешаците и велосипедистите.

На снимката се гледаат две жени и мало дете на патеката, жените се обидуваат да го заштитат детето, додека во исто време поминува и велосипедист.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Continue Reading

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар ја донираше платата за настраданите во Кочани

Published

on

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани”, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани.

Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк