Connect with us

Македонија

ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една

Published

on

Гигантот за производство на фероникел, Еуроникел Индустри или некогашен Фени ги гаси печките. Високите сметки за струја го принудија на ваков чекор. Од септември почнале со принуден одмор на работниците, а од денеска со постепено гасење на печките, процес кој ќе трае 7 дена. Наредните 3 месеци сите 800 вработени ќе земаат 70 отсто од платата. Ако Владата не им помогне, Фени целосно ќе згасне. Тоа, за првоиот човек на Кавадарци би значело крај на егзистенцијата на 800 лица.

Високата цена на струја почетокот на месецот го затвори и рудникот Бучим од Радовиш.

Макстил е следната компанија која крајот на октомври ќе запре со производоство. Листата ќе се проширува, ако државата не им помогне. Дека бројот на вработени во индустријата се намалува, денеска објави и државаната статистика. Од јануари до август бројот е намален за 1,6%.

10 те најголеми компании кои струја набавуваат на слободниот пазар побараа помош од Владата. Одговор им беше ветен на 28 септември, но до денеска се уште не го добиле. Сепак, во интерес на индустријата и работниците, се надеваат дека некаква помош за нив ќе има.

Целата сторија на „Сител

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во официјална посета на Република Азербејџан, каде се предвидени средби со државниот врв на Азербејџан и учество на 12. Глобален форум во Баку.

Во Баку, претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Илхам Алијев, јави известувачот на МИА.

Предвидено е двајцата претседатели да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската државна делегација се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во рамки на официјалната посета на Азербејџан, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари средби и со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов.

Предвидено е и да одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку.

За време на посетата на Азербејџан, претседателката ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од четврток до сабота во Баку.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. 

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

Continue Reading

Македонија

Функционери кои изгубиле доверба од органот кој ги избрал, немаат легитимитет да носат важни одлуки

Published

on

На вечерашното емитување во емисијата Тема на денот на Сител телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и го истакна својот став во однос на утрешните инерпелации, и изјави дека дека функционери кои изгубиле доверба од органот што ги избрал, во овој случај Собранието, не треба да носат важни одлуки.

Тој нагласи дека членовите на Судскиот совет кои ќе бидат подложени на интерпелација треба да поднесат оставка, како знак на демократска одговорност и зрелост. Милошоски исто така ги критикуваше СДСМ за тоа што не се придружуваат на неопходните кадровски реформи во Судскиот совет, кои се важни за решавање на незаконитостите што ескалирале во судството.

– Прво сакам да подвлечам дека утрешната интерпелација е уставно и демократски оправдана согласно членот 72 од Уставот, каде што секој избран и именуван функционер, а овде станува прашање за такви функционери, може да биде предмет на интерпелација, односно изгласување на доверба или недоверба на одреден функционер. Овие петмина членови, избрани од Собранието во изминатиот период, цениме дека секој поединечно даде, за жал, негативен придонес со одредени несовесни постапки, со што се деградира влијанието, улогата и репутацијата на Судскиот совет, а со самото тоа и угледот на целото правосудство. Сметам и очекувам дека утре ќе им биде изгласана интерпелација со многу поголемо мнозинство од она што беше потпишано од 67 пратеници на иницијативата за интерпелација – вели Милошоски.

Милошоски истакна дека функционери кои изгубиле доверба од органот кој ги избрал, немаат легитимитет да носат важни одлуки. Тој смета дека членови на Судскиот совет кои ќе бидат подложени на интерпелација треба да поднесат оставка како знак на политичка и демократска одговорност.

– Секој оној на кого му е изгласана недоверба од органот кој што го избрал, по изгласувањето на таквата недоверба, без разлика дали е член на Судскиот совет или министер во Владата, нема легитимитет да носи други сериозни и важни одлуки во телото каде што веќе не ужива доверба. И затоа сметам дека ќе биде најдемократски за секој оној член на Судскиот совет на кого ќе му биде изгласана интерпелација да си поднесе оставка како чин на зрелост и на политичка и демократска одговорност. Кога не уживате доверба од Собранието кое ве бира, тогаш немате ни демократски легитимитет да одлучувате во Судскиот совет. Се надевам дека членовите на кои што ќе им биде изгласана интерпелација ќе имаат зрелост да си поднесат оставка – рече Милошоски.

Милошоски истакна дека кога сте член на Судскиот совет, веќе не сте судија. Судскиот совет има надлежност да контролира судии, но не е суд сам по себе, и ги обвини СДСМ за непознавање на разликата меѓу правосудните органи, тврдејќи дека не прават правилна разлика помеѓу Судскиот совет и судството.

– Тој што им го пишувал соопштението на СДСМ, веројатно не прави добра разлика и дефиниција на правосудните органи. Кога сте член на Судскиот совет, вие од тој момент не сте веќе судија. Може да бидете судија, некој да ве предложи, Собранието да ве изгласа или претседателот да ве предложи, но вие од тој момент не сте судија, и Судскиот совет не е суд. Тој има надлежност да контролира судии, но не е суд сам по себе – прецизираше Милошоски.

Милошоски ги обвини СДСМ дека не се придружува на неопходните кадровски реформи во Судскиот совет, нагласувајќи дека реформите треба да се спроведат не заради мислењето на политичките актери или новинарите, туку затоа што Европската комисија испратила оценска мисија поради ескалацијата на незаконитости во Судскиот совет.

– И затоа ценам дека е голема штета што СДСМ не се придружува на овој чин на неопходни кадровски реформи во Судскиот совет. Ние реформите во Судскиот совет треба да ги направиме не заради мислењето на поединци или пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, или одредени новинари, или одредени актери во политичкиот живот. Овие реформи треба да ги направиме затоа што самата Европска комисија прати оценска мисија за тоа што ескалираа состојбите во Судскиот совет до тоа ниво да имаме незаконитости – изјави Милошоски.

Милошоски смета дека треба да се направи комбинација од системски реформи и кадровски промени. Иако е важно да се подобрат законите, тој нагласува дека не може да се постигнат подобри резултати со истиот тим на луѓе.

– Според нас треба да се направи комбинација од двете можности, од двете препораки. Едната е да се работи на системско подобрување на законите, но истовремено, може да ги имате најдобрите правосудни закони, но не можете со истиот тим на луѓе да постигнете подобри позитивни резултати. Треба да има и системски реформи, се согласувам, но треба да има и кадровски промени. Интерпелацијата е дел од неопходните кадровски реформи во Судскиот совет – истакна Милошоски.

Continue Reading

Македонија

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

Published

on

МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Е.С., како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.

Сепак покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.

24инфо.мк дознава дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и А.М. како и други лица вработени во АД ЕСМ но и од фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.

За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка. 

Истовремено, најмалку едно од лицата од денешната истрага е опфатено и во предметот „Адитив“ и истото се наоѓа во затворски притвор од претходно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк