Connect with us

Инфо +

Груевски со статус за 11 октомври:„Денеска има многу затвореници и прогонети повеќе од 1941“

Денес има повеќе политички затвореници и политички прогонети лица во Македонија од страна “македонската власт” одколку на 11.Октомври 1941 година од окупаторската. Жртвите се оние кои не се согласуваа со кршењето на уставот и законите по однос на националните прашања, промената на името Република Македонија и уставот со таа цел, како и промена на идентитетот и историјата на Македонците, по теркот и како што бараа некои други. Најголемиот дел се припадници или подржувачи на една политичка опција со која повеќе од една деценија пружија аргументиран и правичен отпор зад кој стоеја убедливото мнозинство Македонци. Тие се сега одбрани, со прогонот врз нив, власта да демонстрира сила и пример, за останатите да живеат во страв дека и ним може да им се случи истото доколку посериозно им се спротистават во било што, вклучително и во понатамошното тргувањето со базичните национални интереси со кои некој сака да го оствари сонот кој некогаш неуспеал да го реализира со пушка и присилно.Слава и чест на партизаните кои се бореа за ослободување од фашистичкиот окупатор и за создавање македонска држава. Нивната борба, на тие илјадници загинати и преживеани во војната храбри борци беше херојска и таа не треба да биде засенета од подоцнежното недемократско и свирепо владеење на комунистичкиот режим кое безмилосно се пресметуваше со неистомислениците и со патриотите. Партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка. Тие генерации, како и генерациите кои половина век претходно се бореа и се жртвуваа, заслужија држава. Направија историја, го зацврстија идентитетот и го издигнаа името до степен секој слободно и со гордост да кажува Македонија и Македонци и така сите да не нарекуваат. Не се помирија, го поразија и избркаа окупаторот. Се изборија за слободата и за државноста.Нека е честит празникот 11 Октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Да се избориме вечно да го славиме таков каков што бил а не како што некој сака да ни наметне невистини за наводна граѓанска војна наместо востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.Нека е вечен празникот 11 Октомври – денот на востанието на Македонија и нека е вечна Македонија!

Advertisement

Свет

Тошковски најавува: „Сејф Сити“ ќе испраќа фотографии, а толеранцијата на брзината ќе биде усогласена со ЕУ стандарди

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Прес 24 изјави дека во тест фазата на проектот „Безбеден град“ намерно не се применува толеранција за прекршоци, со цел прецизно да се потврди техничката исправност и стабилноста на системот. Анализата од овој период, нагласи тој, ќе биде основа за воспоставување функционален и сигурен систем кога ќе започне редовната примена.

Според Тошковски, толеранцијата за прекршувања – особено кај мерeњето брзина – ќе биде утврдена при стартот на редовната работа и ќе биде усогласена со европските стандарди. „Целта не е санкционирање на минимални прекршоци, туку спречување опасни однесувања кои можат да резултираат со тешки несреќи и човечки жртви“, истакна министерот.

Тој ја потенцираше и превентивната улога на камерите. Според него, кога возачите знаат дека се под надзор, возат поспоро и повнимателно, со што се намалува бројот на инциденти.

Системот „Безбеден град“ во моментов детектира четири главни прекршоци: возење со прекумерна брзина, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување со истечена сообраќајна дозвола. Во идните фази се разгледува можност и за евидентирање прекршоци од пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.

Во однос на евидентираните случаи, граѓаните ќе добиваат известување со опис на прекршокот и фотографија од регистарската табличка, додека ликот на возачот ќе биде замаглен. За судска постапка, МВР ќе обезбедува фотографија без замаглување.

„Системот е целосно автоматизиран, независен од човечки фактор и дизајниран за фер и транспарентна постапка“, нагласи Тошковски. Тој додаде дека одговорноста ја носи лицето кое управувало со возилото, а институциите и правните лица се должни да достават доказ кој бил возач во моментот на прекршокот. Во спротивно, одговорноста паѓа врз одговорното лице.

Тест периодот, според министерот, веќе покажал позитивен ефект преку смирување на сообраќајниот динамика. Сите технички недоследности – како препознавање регистарски таблички или неточни контакт-податоци – се коригираат веднаш.

„Ова не е систем за репресија, туку за превенција. Најевтино е да се вози по правила, а најскапо е да се изгуби човечки живот“, заклучи Тошковски.

Continue Reading

Свет

Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина

Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.

Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.

Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.

Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.

Continue Reading

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг