Connect with us

Инфо +

Лекар во Германија заработува 10 000 евра месечно-колкави се платите на Германците?

Во 2019 година просечниот месечен приход по граѓанин во Германија бил 3994 евра бруто, т.е. пред да се одземат даноците, здравствено осигурување, осигурување од невработеност, социјален данок и друго. Излегува дека просечниот годишен бруто приход во Германија изнесува скоро 48 000 евра. Не треба да се заборави дека многу работодавци плаќаат дополнителни бонуси – како што се за Божиќ или летните додатоци. Во 2010 година, просечниот месечен бруто приход бил нешто над 3.200 евра.

Минатата година просечната плата за жени беше околу 20% помала од мажите. Во целина, сепак, платите се зголемија повеќе во 2019 година отколку во претходните две години. Сепак, според експертите, овој нагорен тренд ќе заврши на крајот – заради кризата со коронавирус. Покрај корпоративните банкротства и растечката невработеност, приходите на Германците се очекува да паднат, а тоа ќе влијае на пензиите, чиј раст оди заедно со растот на бруто-платите.

Различни индустрии во Германија плаќаат доста различни плати. Во секторите банкарство и осигурување, информатика и комуникации, енергија, просечната месечна плата е во опсег од 5137 евра – бруто 5393 евра. Уште подобри пари се заработуваат во производството на нафта и сродните активности, каде просечните плати се дури и помеѓу 6.000 и 7.000 евра пред даноците. Приходите се многу пониски во хотелската и ресторанската индустрија, каде просечно се заработуваат 2,451 евра бруто месечно. Оние што се занимаваат со посредување при вработување не се подобри. Во овој сегмент се заработува просечно 2.460 евра бруто.

Нивото на плата зависи, се разбира, од тоа за која компанија работи едно лице. Поголемите компании обично плаќаат повеќе. Покрај тоа, приходот зависи од специјализирано знаење – на пример во областа на информатичката технологија, но и од одговорностите што ги презема работникот. Степенот на факултетсто образование обично е фактор што фаворизира поголеми приходи, но тоа не е задолжително. Во Германија има и луѓе без високо образование кои заработуваат многу добро. Во повеќето случаи, тие поминале двојна обука во рок од две или три години. Еве ги позициите каде можете да заработите добри пари без високо образование:

Регионалниот шеф на ланец на продавници може да заработи годишна плата од 73,000 без даноци. Претставниците на продажбата во фармацевтската индустрија заработуваат над 68.000 евра бруто плата годишно. И во ИТ секторот, многу луѓе без високо образование заработуваат добро. Како и даночни советници – околу 60 000 бруто годишно.

Еден главен лекар заработува над 117,000 евра бруто годишно – скоро 10,000 месечно. Менаџерите за фондови, како и специјалисти лекари, заработуваат над 80.000 евра годишно. Помеѓу 5.000 и 7.000 евра бруто месечно можете да заработите во овие професии: инженерство за патенти, банкарски консултации, правни консултанти, економско контролирање, компјутерски науки со раководни должности.

Федералниот завод за статистика исто така пресмета какви материјални и финансиски ресурси имаат луѓето во Германија. Во 2018 година, едно домаќинство во Западна Германија имало вкупни резерви на материјали во просек од околу 180.000 евра, а во Источна Германија – околу 88.000 евра.

Advertisement

Свет

Тошковски најавува: „Сејф Сити“ ќе испраќа фотографии, а толеранцијата на брзината ќе биде усогласена со ЕУ стандарди

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Прес 24 изјави дека во тест фазата на проектот „Безбеден град“ намерно не се применува толеранција за прекршоци, со цел прецизно да се потврди техничката исправност и стабилноста на системот. Анализата од овој период, нагласи тој, ќе биде основа за воспоставување функционален и сигурен систем кога ќе започне редовната примена.

Според Тошковски, толеранцијата за прекршувања – особено кај мерeњето брзина – ќе биде утврдена при стартот на редовната работа и ќе биде усогласена со европските стандарди. „Целта не е санкционирање на минимални прекршоци, туку спречување опасни однесувања кои можат да резултираат со тешки несреќи и човечки жртви“, истакна министерот.

Тој ја потенцираше и превентивната улога на камерите. Според него, кога возачите знаат дека се под надзор, возат поспоро и повнимателно, со што се намалува бројот на инциденти.

Системот „Безбеден град“ во моментов детектира четири главни прекршоци: возење со прекумерна брзина, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување со истечена сообраќајна дозвола. Во идните фази се разгледува можност и за евидентирање прекршоци од пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.

Во однос на евидентираните случаи, граѓаните ќе добиваат известување со опис на прекршокот и фотографија од регистарската табличка, додека ликот на возачот ќе биде замаглен. За судска постапка, МВР ќе обезбедува фотографија без замаглување.

„Системот е целосно автоматизиран, независен од човечки фактор и дизајниран за фер и транспарентна постапка“, нагласи Тошковски. Тој додаде дека одговорноста ја носи лицето кое управувало со возилото, а институциите и правните лица се должни да достават доказ кој бил возач во моментот на прекршокот. Во спротивно, одговорноста паѓа врз одговорното лице.

Тест периодот, според министерот, веќе покажал позитивен ефект преку смирување на сообраќајниот динамика. Сите технички недоследности – како препознавање регистарски таблички или неточни контакт-податоци – се коригираат веднаш.

„Ова не е систем за репресија, туку за превенција. Најевтино е да се вози по правила, а најскапо е да се изгуби човечки живот“, заклучи Тошковски.

Continue Reading

Свет

Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина

Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.

Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.

Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.

Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.

Continue Reading

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг