Connect with us

Македонија

Генерал Стојанче: Клубот „Цар Борис Трети“ е провокација и го отвораат за да биде запален или уништен

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов напиша статус на Фејсбук по поради отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Ангелов смета дека отворањето на бугарските клубови се злонамерна провокација од Бугарија. „ФАШИЗАМ И РЕНЕСАНСАИмето на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“ е кристално чиста, злонамерна провокација. Исто како и името на првиот клуб “Ванчо Михајлов“.Исто како и првиот, и вториот клуб “Цар Борис Трети“ се отвора за да биде оштетен, запален или уништен со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите.Кому тоа му одговара? Зошто тоа некому би му одговарало? Кој е реалниот инспиратор на овој валкан напад врз односите помеѓу Македонија и Бугарија, помеѓу Македонците и Бугарите и индиректно помеѓу Македонците и Албанците? Особено сега кога Македонија е на почетокот на преговорите со ЕУ?Затоа, како држава и како народ треба да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна. Клубот ќе биде отворен, на отворањето ќе се “испосликаат“ неколкуте домашни, од неодамна “освестени Бугари“ со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него. Затоа што во Македонија безмалку и да нема Бугари. Така велат резултатите од пописот (само 3.505 Бугари), така зборуваат и резултатите од гласањето на Бугарите од Македонија на парламентарните избори во Бугарија од пред неколку дена (650 гласачи).Целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот “Цар Борис Трети“ би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба сепак најдобар лек за неа е “целосен игнор“. Целосно игнонирање од граѓаните но и целосно игнорирање од медиумите. А државата час поскоро да воспостави легални механизми со кои ќе стопира отворање на клубови со имиња на неспорни фашисти, крвници на македонскиот народ и непријатели на човештвото“, пишува Ангелов.

Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен во предмет поврзан со обид за поткуп во правосудството.

Според информациите од надлежните институции, Стафа се сомничи дека се обидел да влијае врз судска одлука преку нудење поткуп, што претставува сериозно кривично дело против правдата. Притворот е определен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

Обвинителството наведува дека истрагата е во тек и дека се прибираат дополнителни докази поврзани со случајот, додека одбраната најави дека ќе ги користи сите законски средства за оспорување на мерката.

Случајот предизвика силен интерес во јавноста, имајќи ја предвид функцијата што Стафа ја извршувал во минатото, а надлежните порачаа дека борбата против корупцијата во правосудниот систем останува еден од приоритетите.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес со епицентар во Косово почувствуван и во Македонија

zemjotres

Утрово, точно во 07 часот и 20 минути, сеизмичка активност ја разбуди Република Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес со умерена јачина чиј епицентар потекнува од пограничното подрачје кај Урошевац.

Иако епицентарот е лоциран на 124 километри северно од Скопје, стручните лица забележаа локална магнитуда од ML3.3 според Рихтеровата скала.

Според првичните податоци со кои располага Опсерваторијата, потресот е јасно почувствуван во Скопје и околината, достигнувајќи интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета.

Continue Reading

Македонија

Директно од Скопје до Прага: „Визер“ ја пушта во употреба новата авиолинија

Од денес, на Меѓународниот аеродром Скопје, со свечена промоција, официјално започнува првиот лет на „Визер“ кон Прага, збогатувајќи ја листата на дестинации со уште еден европски бисер.

Оваа долгоочекувана релација е дел од големата експанзија на унгарскиот авио-гигант, која уште во јули ја најави заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој тогаш триумфално објави дека е потпишан договор за вкупно пет нови, стратешки важни дестинации од скопскиот аеродром.

Почнувајќи од ноември, Скопје се поврза со Стокхолм и Мадрид, додека декември донесе три дополнителни конекции: Бари, Келн и, секако, денес промовираната Прага.

Важноста на новата линија се потврдува со високиот состав на присутни на денешниот настан. На промоцијата се очекуваат клучни фигури од авијацијата и дипломатијата: генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,

Новата директна линија Скопје-Прага не само што ја зајакнува туристичката и економската соработка меѓу двете земји, туку и ја зацврстува позицијата на Скопје како значаен регионален центар за патување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг