Connect with us

Инфо +

Гасете ја државава се е веќе видено

Published

on

Голема загуба е ова денес што се случи во Трубарево џабе толку казни, радари и се што може да го спречи еден човек да го прави погрешното . Мора да се променат работите а тоа инволвира законите да се сменат за во иднина да не случуваат вакви работи . Почивајте во мир ..

Тројца наши сограѓани пред мои и очите на жителите на Трубарево го загубија животот. Стар и пијан човек возеше со голема брзина (над 120 кмч) во зона каде што максималната е 40. По 4 саати едното тело е уште на патот и не е тргнато. Гасете ја државава се е веќе видено.

Свет

Џеј-Ди Венс ја нападна Данска

Published

on

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс: Гренланд има клучна улога за безбедноста на САД

На денешната прес-конференција, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја истакна важноста на Гренланд за безбедносните интереси на САД, и ја критикуваше Данска за недостаток на инвестиции во регионот. Според него, Гренланд има светла иднина под американско покровителство.

„Гренланд е од суштинско значење за нашата безбедност“, изјави Венс, објаснувајќи дека во случај на ракетен напад врз САД, американските воени сили на Гренланд ќе бидат првите кои ќе ги предупредат и ќе помогнат во одбраната. Тој истакна дека ако САД не ја водат воената активност на Арктикот, други сили како Русија и Кина ќе ја пополнат празнината.

Критики кон Данска

Венс не ја поштеди Данска, која формално управува со Гренланд. Тој изрази сомнеж дека Копенхаген не инвестирал доволно во безбедноста и инфраструктурата на Гренланд, што оставило простор за други сили да се позиционираат.

„Данска не се држеше во чекор со воените инвестиции, а камоли со ресурсите потребни за безбедноста на Гренланд“, рече Венс, додавајќи дека „нашите европски сојузници премногу често не го следат чекорот“.

„Не сте направиле доволно за народот на Гренланд“, беше директната порака до Данска.

Потенцијална независност на Гренланд

Венс нагласи дека САД не планираат воена анексија на Гренланд, но веруваат дека народот на Гренланд ќе избере независност од Данска преку референдум.

САД, според него, планираат да изградат партнерство со Гренланд по овој процес.

„Ние веруваме во правото на народот на Гренланд на самоопределување и веруваме дека тие ќе изберат САД, бидејќи само ние го почитуваме нивниот суверенитет и сакаме да им помогнеме“, додаде Венс.

Тој исто така нагласи дека партнерството со САД ќе донесе поголема безбедност и економски напредок за Гренланд, додека соработка со „непријателските сили“ би ги турнала во „должнички замки кои ќе ја загрозат нивната иднина“.

Геополитички интереси на Кина и Русија

Венс продолжи да предупредува на растечкиот интерес на Кина и Русија за Гренланд, нагласувајќи дека островот е „екстремно ранлив“. Тој ги спомена економските притисоци од Пекинг и истакна дека Гренланд може да се најде во ситуација која би го загрозила неговиот суверенитет и независност.

Трговска војна со Канада

Иако главната тема на прес-конференцијата беше Гренланд, Венс одговори и на прашања во врска со други надворешнополитички и економски теми. Кога беше прашан за трговската војна со Канада, Венс беше категоричен: „Нема шанси Канада да победи во трговската војна со САД.“ Тој додаде дека пораката на претседателот Трамп е јасна – „Доста ни е да бидеме банкомат на целиот свет.“

Венс изрази разочарување што европските сојузници не инвестирале доволно во безбедноста, додека САД ја финансирале меѓународната безбедност и борбата против агресивните експанзионистички политики на други сили.

Односите со Русија

На прашањето за актуелните односи со Русија, Венс истакна дека САД се чувствуваат „многу добро“ за напредокот на преговорите со Москва, иако некои барања се „нејасни или лошо преведени“. Сепак, Венс нагласи дека се постигнал значителен напредок во овие преговори, но не сакаше да ги открие деталите на разговорите.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Украина нема да ја признае американската воена помош како долг кој треба да се врати

Published

on

Украина нема да ја признае одобрената американска воена помош како заеми и долгови што треба да се вратат на САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да ја признае американската воена помош како заем кој треба да се врати.

„Ние сме благодарни за поддршката, но ова не е заем и нема да го дозволиме тоа“, истакна Зеленски, реагирајќи на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека САД „биле ограбени“ бидејќи не ја дале помошта како заем.

Зеленски потврди дека договорот за создавање заеднички фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да вклучува долгови, а исто така најави дека ќе има транспарентност во комуникацијата со јавноста за идните преговори за новиот договор за земјиште.

„Основните компромиси се веќе утврдени во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да се согласиме. Ќе се базираме на јасни принципи, каде што гледаме можност за вистинско партнерство“, додаде Зеленски.

Continue Reading

Балкан

Јутубер ги прашува младите “Кој бил Титo?”: Нивните одговори ќе ве насмеат до солзи (ВИДЕО)

Published

on

Јутјуберот Невен Јовановиќ прошетал низ Белград прашувајќи ги младите кој е Тито, а нивните одговори ги изненадиле многумина. Меѓу најчестите одговори беа: „Некој сериозен тип“, „Конзул“, „Маршал“, но еден навистина го шокирал – „Ах, оној филм Титаник бил базиран на него“.

Некои од анкетираните признале дека не учеле историја, а само еден точно го знаел Тито. Реакциите под видеото биле полни со изненадување, а многумина се запрашале дали овие деца имале историја на училиште.

„Тито, не гледај ваму долу“, „Ова со Титаник треба да добие награда“ биле дел од коментарите.

Погледнете го видеото во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neven Nevenclips Jovanovic (@1man)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк