Connect with us

Македонија

Ново барање од Бугарите: ИЛИ ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД 11 ОКТОМВРИ ИЛИ НЕМА ЕУ

Published

on

Нови провокации од бугарска страна. Бугарската фондација „Македонија“ бара да престанеме да го славиме 11 Октомври,

Имено, од фондацијата порачаа дека Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник.

Вчера од фондацијата излегоа со барање за забрана на 11 Октомври и порачаа дека народно востание всушност немало, туку тоа било кривично дело.

На денешниот официјален „празник“ во Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум!

„Фондацијата Македонија е бугарска културна и образовна организација, основана во април 2021 година од Бугари од Бугарија, Македонија, Албанија и светот со една цел – населението на Република Бугарија и Република Македонија да биде едно општество во две земји“, стои на сајтот на фондацијата.

И мешовитата историска комисија ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!“, најавуваат од фондацијата чиј претседател Виктор Стојанов во Бугарија го сметаат за борец за правата на Бугарите, пишува Фокус.

Стојанов е родум од градот Карлово во Србија, а сега живее во Софија.

Тој лани ја основа фондацијата „Македонија“ која е регистрирана во Бугарија, но најголем дел од активностите и се насочени во Македонија.

Македонија

Зошто некои работници добиваат само неколку илјади денари за К-15?

Published

on

Во Општиот колективен договор за стопанството е наведено дека работодавачите кои се соочуваат со потешкотии во работењето можат да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од оној утврден со колективниот договор. Многу работодавачи ја користат оваа недореченост и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Оттаму истакнуваат дека секој работодавач и јавна институција мора да го исплати пропишаниот минимум за К-15, кој изнесува 11.000 денари за јавниот сектор и околу 16.800 денари за приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

Пожар во хотел „Манастир“ во Берово

Published

on

Пожар избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Според информации на “Курир”, зафатен е дел од поткровјето на овој комплекс.

Целиот град мириса на чад, изјавија жителите на овој град.

Continue Reading

Македонија

Илија Димовски и Сања Божиновска разговараа со младите за одржлив развој во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола

Published

on

Во рамките на третиот модул од политичката академија, организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, младите учесници имаа можност да се сретнат и да разговараат со Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, како и со поранешниот пратеник Илија Димовски. Главната тема на дискусијата беше одржливиот развој — концепт кој ги обединува економските, социјалните и еколошките аспекти за задоволување на тековните потреби, без притоа да се загрозат можностите на идните генерации.

Божиновска и Димовски истакнаа дека изградбата на одржлива држава бара соработка помеѓу институциите, бизнисите и граѓаните, потенцирајќи ја важноста од активното учество на младите во овие процеси кои водат кон подобра иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк