Connect with us

Македонија

Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ и сам се пријавил во полиција

Published

on

Четириесет и седумгодишен охриѓанец ја искршил таблата, поставена над просториите на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, вчера бил извршен разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

– Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со јавен обвинител, СВР Охрид до Здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, стои во информацијата на СВР Охрид.

Охриѓанецот, вчера претпладне со земјоделска алатка ја искршил таблата на која стоеше натписот „Цар Борис Трети“, а потоа сам се пријавил во Полициската станица во Охрид. Делото го извршил самоиницијативно, но не ги навел причините.  

Македонија

Трајановски за договорот „Бехтел и Енка“: Нормално е да прифатиме нешто што е веќе договорено и има донесено специјален закон

Published

on

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски за прифаќањето на договорот со „Бехтел и Енка“, од страна на актуелната власт која како опозиција го критикуваше, вели дека е нормално да прифатат нешто што веќе е договорено и за што е донесен специјален закон во Парламентот.

– Сосема е нормално нешто што е договорено, ние да го прифатиме со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во Парламентот на Република Македонија.,Ддадени се големи пари за „Бехтел и Енка“, некаде 227 милиони евра за аванс, подготовка, пред да дојдам за директор. Сепак, влеговме во една финансиска обврска и сметаме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира „Бехтел и Енка“ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултатите во последните три месеци, вели Трајановски во интервју за „360 степени“ на МРТ.

Во однос на критиките што ВМРО-ДПМНЕ ги упатуваше како опозиција за овој проект, Трајановски вели тие биле по неколку основи – од фактот дека зад договорот не стои ниту една банка, до плаќањето пенали кон „Бехтел и Енка“ оти од претходната влада не бил испочитуван шестмесечниот рок за реализирање на обврските што ги презела државата, како што се експропријација и деминирање.

Вели дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.

– Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите, вели Трајановски, додавајќи дека претходната власт бавно ја работела експропријацијата.

Според Трајановски, се разгледуваат начини за ревидирање на договорот за надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“, кој го доби конзорциум предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“. Смета дека една од опциите е во надзорот да се вклучи уште една компанија која ќе биде со светско реноме.

– Неколку пати разговарав со „ИРД“. Ако мене лично ме прашувате, јас не сум задоволен од тоа колку пари им се плаќаат врз основа на тоа што го сработуваат. Меѓутоа, тоа е договор што е потпишан и ние сега гледаме начини дали би можеле тоа да го ревидираме. Го викнав одговорниот на „ИРД“ и му реков за конкретна секција, бидејќи ништо не се работи, а во предлогот имаат предложено и ние плаќаме 12 луѓе. Таму 12 луѓе немаат работа, имаат четири до пет луѓе. Во дргата делница слично, во третата делница слично, наведува Трајановски.

На новинарско прашање дали има репреговарање на договорот, Трајановски вели дека тоа прашање треба да биде адресирано лично до премиерот, но според информациите со кои располага, дека се преговара на високо ниво.

Во однос на трајноста на договорот потпишан со „Бехтел и Енка“ што исто така тогашна опозиција го критикуваше, Трајановски вели дека иако тоа е обврска на Владата, тој мисли дека во моментов се разговара за тоа кои делови од документот да бидат јавно достапни и оти има одредено померување.

Continue Reading

Македонија

Безбеносната состојба во земјата стабилна и нема индиции за загрозеност, констатирано на конститутивна седница на Советот за безбедност

Published

on

Во Кабинетот на Претседателот на државата во понеделникот се одржа конститутивната седница на новито состав на Советот за безбедност.
На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.

Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.

Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.

Советот за безбедност ќе се состанува на секои тра месеца а по потреба и почесто, известуваат од Кабинетот на шефот на државта.

Continue Reading

Македонија

Интензивно се работи на намалување на листите за упис во детските градинки

Published

on

Во тек се изградби/доградби/ опремување на 15 градинки, со чие отворање капацитетот ќе се зголеми за 1397 деца.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената заштита во нашето општество.

Лимани одговарајќи на прашање за долгите листи на чекање за упис во детските градинки, се осврна на фактот дека во првите 100 дена, беа започнати градежни активности на 2 градинки, а уште две се отворени. Но го спомна и потпишувањето на договорот за грант со општините, проект на Владата, каде што влегуваат уште две градинки.

„Во тек се изградби/доградби/ опремување на 15 градинки, со чие отворање капацитетот ќе се зголеми за 1397 деца,“ рече Лимани.

Тој информираше дека, планирани за отворање до 2028 година се над 25 градинки.

Лимани напомена дека покрај капиталните инвестиции, Министерството инвестира и во зајакнување на стручниот кадар во градинките.

„Министерството е отворено и постојано апелира до општините да изразат интерес и достават проект за нови или проширување на постоечките градинки, со цел секое дете да има можност да биде вклучено во предучилишно воспитание и образование,“ порача Лимани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк