Connect with us

Македонија

,,Маратонот на љубовта“ – 500 црвени рози за Тоше на Гумење во Крушево (Фото)

Со 500 рози крушевчани напладне ги пречекаа 13-те спортисти-маратонци кои по 15-ти пат го истрчаа ултрамаратонот од Нова Градишка, Хрватска, до Гумење во Kрушево каде е вечното почивалиште на Тоше Проески. Маратонците се поклонија пред гробот на Тоше со букет од 26 црвени рози колку што имаше години Тоше Пртоески кога на 16 октомври 2007 година го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Наум Капричевски, ултрамаратонец вели дека маратонот, сега наречен „Маратон на љубовт“ ќе го трчаат додека можат.

 И оваа година, по 15-ти пат македонските спортисти го стартуваа ултрамаратонот од Нова Градишка во Хрватска во чест на нашиот Тоше. Еве, точно напладне денеска, на 16 октомври, живи и здрави стигнавме на Гумење во Крушево да оддадеме почит на нашата најголема мотивација и инспирација – Тоше Проески. Трчавме за великанот и, како што рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, војводата на песната од нашето време. Пораките по пат што ни ги испратија се – да му оддадеме почит на Тоше, да запалиме свеќа од сите, ширум Балканот, да стигнеме живи и здрави и да продолжиме да го трчаме овој ултрамаратон онолку години колку што имаме замислено, изјави Капричевски.

Маратонецот Никола Ѓелов вели дека чувствата се измешани.

– И оваа година го истрчавме ултрамаратонот во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Маратонот го завршивме со измешани чувства, големи емоции, многу тажни сеќавања, вели Ѓелов.

Неговите почитувачи и фанови од земјава и Балканот непоколебливо на Гумење и овој 16-ти октомври. Стела Прислан Фујс од Загреб, Хрватска која секогаш е во Крушево, и на денот на загинувањето на Тоше и на неговиот роденден вели дека додека се говори за него, Тоше е жив.

– Сите го паметиме овој датум пред 15 години. И веста која пристигна. Никој не веруваше. Застанаа срцата кои го сакаа Тоше. И ден-денес е исто и го ценам секого кој зборува за Тоше, кој пишува за него, ги имитира неговите песни, кој се труди никогаш да не заборави. И додека е така, покажувате дека е жив. Маратонците ги испративме од Нова Градишка, еве ги пречекуваме овде на Гумење. Таа нивна жртва произлезе од љубов. Сите се едно за Тоше, изјави Стела Прислан Фујс.

Маријана Пешева, од Благоевград, Бугарија е првпат, ама за Тоше се знае во нејзината земја.

– Првпат доаѓаме, од Благоевград од Бугарија сме. За Тоше знаеме сите овие години и за неговите песни. Се слушаат, рече Маријана Пешева.

Игор Блажески кој се грижи за вечното почивалиште на Тоше е сведок на бројните посетители отсекаде од светот.

– Поминаа 15 години и уште не може да поверуваме дека го нема. Има премногу посетители на неговиот гроб. Доаѓаат од Хрватска, од Србија, Босна и Херцеговина, од цела Македонија, од Австралија, Германија, туристи има од секаде од светот. Кога ќе дојдат ги чувствуваат духот и делото на Тоше, рече Блажески.

Младите од крушевската гимназија ги пееја песните на Тоше, допирајќи ги срцата на сите кои дојдоа да му оддадат почит на големиот музичар и хуманист, Тоше Проески.

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во близина на Штип: Пожарникари ги извлекуваа повредените

Синоќа на регионалниот пат помеѓу селото Караорман и Штип се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени три лица.

Според информациите од СВР Штип, полициските службеници извршиле увид на местото на несреќата, а за извлекување на повредените од возилото била повикана и противпожарната екипа.

Повредените биле транспортирани во Клиничката болница во Штип, каде им е укажана соодветна медицинска помош.

Од СВР Штип најавија дека во текот на денот ќе бидат објавени дополнителни детали за инцидентот.

Continue Reading

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг