Connect with us

Македонија

Нова провокација: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, Бугарија рече дека тој бил Бугарин

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин.

Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија.

Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса.

Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

-Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго, вели Павлов.

Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.

Македонија

Згасна позната телевизија во Македонија – престана да емитува програма

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа.

Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал.

ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.

Continue Reading

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг