Connect with us

Свет

Путин не запира: Русите го бомбардираат родниот град на Зеленски

Published

on

Во околу 6:30 часот наутро руските сили го нападнаа северниот дел на Криви Рих. Можни се и нови напади, останете во засолништата во текот на воздушниот аларм, рекол Вилкул.

Лидерот на воената администрација на Криви Рих, Олександар Вилкул на Телеграм објавил дека во градот утрово одекнале експлозии.

„Во околу 6:30 часот наутро окупациско-терористичките сили го нападнаа северниот дел на Криви Рих. Можни се нови напади, останете во засолништата во текот на воздушниот аларм“, порачал Вилкул.

На социјалните мрежи се појавиле снимки на кои се гледа голем црн чад кој се надвил над местото каде се слушаат експлозиите.

Инаку, Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Свет

Незапамтено злосторство: Мајка со секира ги усмртила своите три деца во Русија

Published

on

Трагедија во Русија: Мајка со секира ги усмрти своите три деца во Канск

Во градот Канск, во Краснојарскиот регион на Русија, се случи шокантно и монструозно злосторство кое ја потресе јавноста – мајка е осомничена дека со секира ги убила своите три деца.

Според официјалните информации објавени од Истражниот комитет на Русија за Краснојарската територија и Какасија, трагедијата се случила на 14 април во семејна куќа на улицата Герцен во Канск, град со околу 100.000 жители. На местото на настанот биле пронајдени телата на три деца: четиригодишно девојче, осумгодишно момче и седуммесечно бебе. Истражителите утврдиле дека сите деца имале убодни рани на главата и други делови од телото.

За убиствата е осомничена 29-годишната биолошка мајка на децата, против која е веќе покрената кривична постапка. Таа е уапсена, а судот во наредните денови треба да одлучи за нејзин притвор.

Руските медиуми пренесуваат дека жената била психијатриски пациент. Дополнително, таткото на убиените деца бил евидентиран како семеен насилник, откако претходно бил пријавен за физички напад врз својот син.

Настанот предизвика длабока вознемиреност и реакции во руската јавност, а истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности на овој трагичен случај.

Continue Reading

Свет

Трамп бесен на познатата емисија: “Ќе платат огромна цена”

Published

on

Трамп остро против „60 Minutes“ – бара казни и тужби CBS во износ од 20 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја нападна емисијата „60 Minutes“ и медиумската мрежа CBS, обвинувајќи ги за, како што вели, години наназад систематски прогон и пристрасно известување. Повод за најновата реакција беше неделното издание на емисијата, во кое се обработуваа теми за Украина и Гренланд.

„Речиси секоја недела, 60 Minutes го спомнува моето име на навредлив и клеветнички начин, но овојпат ја преминаа границата“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, додавајќи дека CBS е „надвор од контрола“ и мора да плати „висока цена“.

Тој упати повик до претседателот на Сојузната комисија за комуникации, Брендан Кар, да изрече најстроги парични казни и санкции против CBS, поради, како што вели, „незаконско однесување“.

CBS засега не се огласи со официјална реакција на обвинувањата.

Во меѓувреме, тече и судскиот процес што Трамп го покрена против емисијата „60 Minutes“, со тужба вредна 20 милијарди долари. Причина за тужбата е интервјуто со демократската кандидатка Камала Харис од минатата есен, кое, според Трамп, било манипулативно монтирано со цел да ја прикаже Харис во позитивно светло. CBS ги негира обвинувањата, а во јавноста кружат информации дека се водат преговори за можен договор.

И покрај правните судири, „60 Minutes“ продолжува со извештаи поврзани со администрацијата на Трамп. Новинарот Скот Пели неодамна престојуваше во Украина, каде што интервјуираше украинскиот претседател Володимир Зеленски на местото на руски ракетен напад при кој загинаа девет деца. Во интервјуто, Зеленски изјави дека чувствува „100-процентна омраза“ кон рускиот претседател Владимир Путин и го повика Трамп лично да ја посети Украина и да се увери во разурнувањата.

Истиот ден, друг новинар на CBS, Џон Вертхајм, известуваше од Гренланд, каде разговараше со локалното население за иницијативата на Трамп од 2019 година, кога предложи САД да го купат островот.

Во својата објава, Трамп оцени дека „60 Minutes“ одамна не е новинарска емисија, туку „политички оперативец преправен во вести“, и нагласи дека одговорноста за ваквото однесување мора да се понесе.

Continue Reading

Свет

Трамп жестоко го нападна Зеленски

Published

on

Трамп жестоко го нападна Зеленски: „Не започнуваш војна со некој 20 пати посилен од тебе“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно ја насочи својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека е еден од клучните виновници за војната со Русија.

– Не започнуваш војна против некој што е 20 пати поголем од тебе, па потоа очекуваш други да ти испраќаат проектили за да војуваш – изјави Трамп од Овалната соба, пренесе „ТВ Disclose“.

Трамп уште еднаш ја повтори својата теза дека војната меѓу Русија и Украина е резултат на политиките на актуелниот претседател Џо Бајден, а не негова. Во објава на својата платформа „Truth Social“, Трамп напиша:

„Штотуку ја презедов функцијата. Во текот на мојот прв мандат, војната не се случи, бидејќи и Путин и остатокот од светот имаа почит кон американскиот претседател. Немав никаква врска со овој конфликт, но сега работам напорно за да ставиме крај на смртта и уништувањето.“

Според него, војната немаше ни да започне доколку, како што тврди, претседателските избори во 2020 не биле „наместени“.

– Зеленски и искривениот Бајден направија ужасна работа што дозволија оваа трагедија да се случи. Имаше многу начини за да се спречи. Но тоа е минато. Сега, мораме да ја запреме војната. И тоа – брзо. Тоа е толку тажно – порача Трамп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк