Connect with us

Балкан

Џамбаски до Ковачевски: Ние одлучуваме што сте, твоето име е бугарска али-експрес верзија

Published

on

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагираше на изјавата на премиерот Ковачевски дека не го познава кој е дека македонизам секогаш ќе има.

Преку видеото објавено на Фејсбук, Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека не е важно дали го познава или не, бидејќи тој и неговите сопартијци знаат кој е тој и од какво семејство потекнува.

„Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите меѓу Заев и Борисов. Носеше папки, вршеше бирократски работи, како машка секретарка. Тоа е задачата на исполнувачите на туѓа волја. Тој е фасада, ја исполнува агендата на Белград и Кремљ“, вели Џамбаски во видеото.

Џамбаски додаде дека Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, фашистичка идеологија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија.

„Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет е ГМО, како и неговото име. Тој не Димитр, туку Димитар. Неговото име е бугарска али-експрес верзија“.

Џамбаски додаде дека Македонија нема никаква историја пред 1944-та година. На Ковачевски му порачува дека тој и неговите предци имаат титовско минато.

Бугарскиот европратеник порача и дека Ковачевски не решава ништо во врска со ЕУ, туку Бугарите.

„Ние Бугарите сме дел од ЕУ, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од тие што решаваат каде сте вие. Кои сте вие решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, можете да направите сојуз со Северна Кореја“.

Балкан

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Published

on

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по денешниот обид за негово приведување излезе со остри изјави, нагласувајќи дека законите на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на Република Српска, пренесе ХРТ.

Додик порача дека не се плаши од апсење и остро ги критикуваше Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Судот на БиХ, нарекувајќи ги „окупаторска сила“ која, како што рече, нема да дозволи да делува во РС. „Ако мислат дека полицијата на Република Српска ќе се повлече, се лажат“, изјави Додик, додавајќи дека се чувствува доволно заштитен.

Тој истакна дека дојдено е време да се покаже кој навистина ги крши законите, а до инспекторите на СИПА упати порака дека „дури сега ќе видат што не можат да направат“.

Во своите изјави, Додик не застана тука – директно се закани и на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, велејќи дека „сега ќе види како се приведува некој за лажно претставување“, обвинувајќи го Шмит за „криминално и фашистичко однесување“.

Претседателот на ентитетот дополнително алармираше со тврдења дека Шмит подготвува закон кој се однесува на статусот на државната сопственост во БиХ. Според Додик, ако таков закон навистина се донесе, Република Српска веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

„Ќе се одделиме и ќе го браниме нашиот имот“, рече тој, повторувајќи ја реториката за самостојност на ентитетот.

Continue Reading

Балкан

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Published

on

Припадници на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска се обиделе да го приведат претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, но биле спречени од Министерството за внатрешни работи на српскиот ентитет кој е дел од БиХ, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тимовите на СИПА, како што се наведува, се обиделе да влезат во зградата на Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што во тек е средба на Додик со претставници на Градот Источно Сараево, но биле запрени од припадници на Министерството за внатрешни работи на ентитетот.

Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска се спротивставиле на таа акција.

Како што беше видливо на лице место, припадниците на МУП на РС излегоа со долги пушки и на тој начин ги запреа. Ова кривично дело извршено од припадници на МУП на РС треба да се оквалификува како вооружен бунт, пишуваат босанските медиуми.

Ситуацијата за РСЕ ја потврдиле од СИПА, од каде соопштиле дека членовите на државната Агенција сакале да постапат по наредба на судот на Босна и Херцеговина.

За време на настанот не била употребена сила, рекле од СИПА.

За Милорад Додик, како и за претседателот на парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ и премиерот на РС, Радован Вишковиќ од средината на март е распишана централна потерница, откако не се јавија на повикот за распит во Обвинителството на БиХ.

Тие се осомничени за напад на уставниот поредок на земјата.

Претходно, судот на Босна и Херцеговина побара од Интерпол да ја ревидира одлуката за одбивање на барањето за издавање црвена потерница за претставниците на раководството на Република Српска.

Continue Reading

Балкан

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Published

on

Денеска се случи драматичен инцидент во Источно Сараево, каде припадници на државната Агенција за истраги и заштита (СИПА) се обиделе да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Сепак, акцијата беше спречена од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кое интервенираше и ги спречи агентите на СИПА да влезат во зградата на Административниот центар на Владата на РС.

Инцидентот се случил додека Додик имал средба со претставници на Градот Источно Сараево. Според информациите на Klix.ba, полицијата на РС со долги цевки се поставила пред зградата и физички ја блокирала акцијата, што медиумите во БиХ веќе го оквалификуваат како „вооружен бунт“.

Од СИПА потврдиле дека се обиделе да постапат по наредба на Судот на БиХ, но истакнале дека за време на настанот не била употребена сила.

Овој развој на настаните уште еднаш ја отвора темата за затегнатите односи меѓу државните и ентитетските институции во БиХ, и фрла светло врз сѐ покомплицираната политичка ситуација во земјата.

Од средината на март годинава, за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на парламентот Ненад Стевандиќ, и премиерот на РС, Радован Вишковиќ, е распишана централна потерница. Причината е нивното непојавување на распит пред Обвинителството на Босна и Херцеговина, и покрај официјалниот повик.

Овие високи функционери се осомничени за напад врз уставниот поредок на БиХ – сериозно обвинение што дополнително ги влошува веќе тензичните односи меѓу државното и ентитетското ниво на власт.

Судот на БиХ веќе побара од Интерпол да ја преиспита својата одлука со која претходно беше одбиено издавање на црвена потерница за раководството на Република Српска. Сега се чека дали оваа постапка ќе биде ревидирана и какви ќе бидат понатамошните чекори на меѓународно ниво.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк