Connect with us

Македонија

За ДОЛГ од 530.000 должникот враќа 3,5 милиони денари, – ЗИБЕРИ побара КАМАТАTA ДА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОВИСОКА ОД ГЛАВНИЦАТА

На граѓани – должници, најчесто за струја, вода, парно, смет, телефонија, извршителите им земаат и по третина од платите или пензиите, зашто законот им пресметува и казнени камати. Така, главниот долг низ годините само се дуплира, триплира, за на крајот да стане десеткратно поголем од тоа што бил, со што многу граѓани ги втерува во должничко ропство.

Затоа Народниот правобранител денеска до Владата поднесе иницијатива за законски измени со кои казнената камата престанува да тече кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигнат главницата.

Граѓанин кој во 2011 година должел 531.932 денари, а со казнените камати, на крајот треба да врати вкупно 3,5 милиони денари.

„Извршувањето на долгот започнува во 2011 година. За наплата на главен долг од 531.932 денари (во овој случај треба да се наплати камата од 1997 година) до март 2022 година кога странката се обратила кај Народниот правобранител, извршителот не известил дека за 11 години наплатени се 2.017.955, 00 денари, од кои само на име на камата 1.506.111. За целосна исплата на долгот останува да се платат уште 1.424 301 денари, сума од која на име камата е 835,.71 денар“, кажа на денешниот прес Народниот правобранител Насер Зибери.

На друг граѓанин чие извршување на долгот почнало во 2013 година, а треба патем да му се наплати камата од 2010 година, банката му задржува третина од пензијата.

„Главниот долг изнесува 371.367 денари до 2022 година, кога странката се обратила кај Народниот правобранител. За девет години наплатени се 885.138 денари, од кои 783.628 се на име камата на главен долг. За наплата остануваат уште 433.604 денари ( со тоа што каматата сѐ уште тече)“, редеше примери Зибери.

Тој како овластен предлагач, до Владата поднел иницијатива за изготвување предлог за дополнување на одредбите од Законот за облигационите односи и од Законот за извршување, со која бара во постапката на извршување од должникот да не може да се наплати камата, која би била поголема од главниот долг, односно кога каматата ќе го достигне износот на главниот долг, да престане да тече!

Измената во Законот за извршување би гласела: „Кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигнат главницата, извршителот во постапката на извршување, престанува да пресметува и наплатува камата и законска казнена камата!“

За тие граѓани за кои тече извршувањето, правобранителот бара законските измени што ги предлага, како поповолни, да се применуваат и на нивните постапки.

„За преземените мерки и дејства по повод оваа Иницијатива, потребно е да го известите Народниот правобранител, најдоцна во рок од 30 дена“, ѝ пиша Зибери на Владата.

Во канцеларијата на Народниот правобранител со години, половина или четвртина од вкупниот број претставки од областа правосудство, се однесуваат за заштита на правата на граѓаните во постапките пред извршителите. Притоа, најчести причини поради кои граѓаните бараат интервенција од Народниот правобранител се следните:

1. не биле информирани за иницирањето на постапките за извршување, за висината на долгот и за износот на пресметаните камати и трошоци,

2. за одземање на средства кои според Законот за извршување, се изземени (како што се паричните примања по основ на: социјална помош, привремена невработеност, социјална сигурност на стари лица, детски додаток, хуманитарна помош, стипендии и слично) или ограничени од извршување (повеќе од 1/3 од плата или пензија),

3. за неправилности во доставата на тужбите и налозите за извршување и

4. за блокирањето на трансакциските сметки во банките.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг