Connect with us

Европа

Орбан се налути: ЕУ ќе заврши како Советскиот сојуз!

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Обран го обвини во неделата Брисел дека подмолно ја напаѓа Унгарија со низа санкции против Русија кои ги смета за „бомба“ за стопанството.

Не сме загрижени поради оние кои ја напаѓаат Унгарија од темница, некаде од кулите во Брисел“, изјави во говорот одржан во Залаегерсег на западот на земјата, по повод националниот празник со кој се одбележува 66-годишнината од Унгарската револуција против поранешниот СССР во 1956 година.

„Ќе завршат онаму каде што завршија и нивните претходници“, додаде Орбан, предвидувајќи ѝ ја на Европската унија судбината слична на Советскиот блок кој се урна во 1991 година.

Говорот на унгарскиот премиер е во контекстот на неговите најави дека ќе биде одржан референдум за санкциите на ЕУ против Русија кои Орбан повеќепати ги критикуваше дека им нанесуваат големи штети на самите европски земји особено на Унгарија. Во главниот град Будимпешта и ширум земјата истакнати се плакати со пораката „Санкциите на Брисел нѐ уништуваат“.

Војната е пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата мигранти од југ… мораме да се соочиме со многу проблеми“, рече Орбан во неделата уверувајќи дека неговата влада е „силна и единствена“, како и дека ќе го надвладее искушението.

Унгарија од почетокот на војната во Украина настојува да го сочува добрите односи со Русија од која добива нафта и гас. Будимпешта одбива воено да ја помогне Украина и ја критикува стратегиите на европските челници во Брисел.

Европа

Лекар од Британија осуден на 31 година затвор за обид за убиство со лажна вакцина против Ковид-19

Published

on

Британски лекар кој бил незадоволен од наследството и на партнерот на мајка си му вбризгал отров кој лажно го претставил како вакцина против Ковид-19, денеска е осуден на 31 година затвор.

Д-р Томас Кван се маскирал во медицинска сестра која доаѓа во домашна посета за да му вбризга отров на Патрик О’Хара бидејќи верувал дека постариот човек му застанува на патот еден ден да го наследи домот на неговата мајка.

Кван минатиот месец се изјасни за виновен за обид за убиство пред судот во Њукасл.

О’Хара преживеа откако помина неколку недели на интензивна нега и му беше ампутиран дел од раката за да се спречи ширењето на некротизирачки фасцитис.

Оттогаш, мајката на Кван, Џени Леунг и О’Хара се разделија.

Полицијата користела снимки од надзорните камери за да го пронајде Кван. Откриле дека тој смислил заговор со испраќање лажни писма со логоа на NHS, хиперлинкови, па дури и QR код за да му понуди на О’Хара домашна посета за вакцината.

Кван се преправил во заштитна опрема од глава до пети, со затемнети очила и хируршка маска и дошол со возило на терминот во јануари користејќи лажни регистарски таблички.

Кван, кој е опишан дека има морбидна опсесија со отрови, користел јодометан, супстанца пронајдена во пестицидите за која сметал дека лекарите тешко ќе ја откријат, рече судијата.

При претресот на неговата куќа, полицијата пронашла арсен, течна жива и рицинусово масло, од кои може да се направи хемиското оружје рицин. На својот компјутер имал инструкции како да се направи рицин.

Кван беше вознемирен од можноста да добие помал дел од своето наследство. Тој имал затегнати односи со неговата мајка и дознал дека таа има одредба во тестаментот што ќе му дозволи на О’Хара да остане во нејзиниот дом доколку таа умре пред него.

Continue Reading

Европа

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Published

on

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.

На собирот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски со бугарскиот претседател Румен Радев, но македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори.

– Подготвен сум да разговарам со секого, секаде, врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е не да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски.

Подготвеност за разговори Мицкоски искажа уште кон средината на минатиот месец, кога некои медиуми ја најавија можноста за средба Мицкоски-Радев во Будимпешта.

– Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде каде било, да седнеме, да разговараме и да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права и ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече тогаш Мицкоски.

Инаку, на денешниот Самит во Будимпешта предвидено е да стане збор за главните безбедносни предизвици што ја засегаат Европа, предизвикани од тековните конфликти, пред се руската агресија врз Украина и актуелната ескалација на насилството на Блискиот Исток.

Покрај ова ќе се одржат и посебни сесии посветени на миграцијата, приливот на илегални мигранти и нивната инструментализација, на економската безбедност, како и на прашања за поврзаноста на енергијата, транспортот, информатичката технологија и глобалната трговија.

Покрај пленарните сесии на маргините на форумот се предвидени и билатерални средби на учесниците.

На Самитот, покрај земјава, се поканети и останатите пет држави од Западниот Балкан, 27-те членки на ЕУ, како и Андора, Азербејџан, Велика Британија, Ерменија, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако Норвешка, Сан Марино, Турција, Украина и Швајцарија.

Continue Reading

Европа

Алармантно ниво на жива пронајдено во конзервирана туна ширум Европа

Published

on

Ширум Европа се откриени алармантни нивоа на жива во конзервирана туна, покажуваат најновите истражувања.

Истражувачите повикаа на итни, построги регулативи, истакнувајќи дека нивото на жива може да го оштети мозокот, бубрезите и е поврзано со некои видови на рак.

Истрагата во која беа вклучени речиси 150 лименки туна купени во Франција, Италија, Шпанија, Германија и Велика Британија покажа дека сите биле контаминирани со жива.

Живата е токсичен метал и силен невротоксин, кој може негативно да влијае на функцијата на нервните клетки. Изложеноста на овој метал може да ги оштети бубрезите и мозокот, а се поврзува и со поголем ризик од срцеви заболувања и рак.

Дозволена граница на жива во туна
Според сегашните закони на ЕУ и Велика Британија, границата за жива во туната е 1 милиграм по килограм и 0,3 милиграми по килограм за други риби, како што е бакаларот.

Сите 148 тестирани лименки туна содржеле жива – од кои околу 57 отсто ја надминале границата од 0,3 mg/kg жива, покажа истражувањето на невладините „Блум“ и „Фудвоч“ од Париз.

Понатаму, може да се купи во продавница во Париз имаше рекордно ниво на жива од дури 3,9 mg/kg, се вели во извештајот, 13 пати повеќе од границата од 0,3 mg/kg.

Според статистичките податоци, просечниот Европеец троши повеќе од 2,8 килограми туна годишно, што е приближно 25 лименки.

Како живата влегува во туната?
Живата, позната по својата токсичност, главно стигнува до океаните преку атмосферските наслаги, најчесто поради емисиите од електрани на јаглен. Во водата, живата се меша со бактериите и се претвора во токсично соединение познато како метилжива.

Околу четири петтини од живата внесена во атмосферата од природни и човечки причини, како што е согорувањето на јаглен, завршува во океанот каде дел се претвора во метилжива.

Туната е морска риба која е високо на синџирот на исхрана, што значи дека се храни со други помали видови риби кои апсорбираат големи количини жива од океанот. Се смета дека албакор туната содржи три пати повеќе жива од другите видови туна.

Како живата влијае на здравјето на луѓето?
Човечката изложеност на метил жива може да предизвика оштетување на бубрезите, сврзното ткиво и нервите.

Потрошувачката на жива може да предизвика невролошки нарушувања и нарушувања во однесувањето кај луѓето.

Исто така, живата може да предизвика проблеми со видот, а особено загрижува тоа што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Бремените жени и децата се изложени на најголем ризик
Светската здравствена организација (СЗО) ја рангира живата меѓу десетте хемикалии кои го загрижуваат јавното здравје, а таа, според СЗО, е супстанца што се ослободува во екосистемот со генерации, предизвикувајќи многу сериозни здравствени последици.

Според СЗО, бремените жени и децата се особено чувствителни на високо ниво на метил жива.

Во многу високи дози, студиите покажаа дека некои форми на жива го поттикнале развојот на неколку видови тумори кај стаорци и глувци.

Истражувањето за влијанието на живата врз развојот на ракот кај луѓето засега е ограничено

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк