Connect with us

Македонија

Вработена на онкологија тврди дека лекари приватно препродаваат лекови на болни од рак!

Published

on

Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак.

Вработена во клиниката која сакаше да остане анонимна вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа за “Алсат” тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат.

Според вработената на онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии

Македонија

Ѓорѓиевски: Проблемите ќе се решаваат на маса, со конструктивна комуникација помеѓу институциите

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со добра волја и соработка помеѓу институциите ќе се најдат прифатливи решенија за граѓаните. На денешната средба во просториите на ЗЕЛС, заедно со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се зацртаа правците за решавање на актуелните проблеми со водоснабдувањето и манганот во водата во Струмица. Ѓорѓиевски додаде дека ЗЕЛС останува обединет и дека политиката ќе биде ставена настрана, при што приоритет остануваат потребите на граѓаните.

Договорено е формирање на комисија од научни институции која ќе ги следи состојбите на браната Турија и ќе ја анализира појавата на манган во водата. Исто така, општина Струмица ќе го сервисирате својот долг кон АД “Водостопанство” согласно утврдена динамика.

„Како претседател на ЗЕЛС, ќе се заложам за конструктивен дијалог и комуникација помеѓу институциите, така што проблемите ќе се решаваат на маса“, нагласи Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово високо загадено

Published

on

Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека попладнево најзагаден е воздухот во Тетово и Кавадарци. 

Во овие два града, воздухот е високо загаден. Гостивар, Кичево, Битола и делови од Скопје се со средно загаден воздух. Во другите градови, воздухот е ниско загаден или многу ниско загаден. Состојбата со квалитетот на воздухот варира од час во час. Деновиве, Скопје беше меѓу најзагадените градови во светот. 

Continue Reading

Македонија

Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор

Published

on

На 11.11.2024 во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк