Connect with us

Инфо +

40 000 дози вакцини против грип ќе пристигнат на крај на месецов

Published

on

Од министерството за здравство велат дека 40 000 дози четиривалентни вакцини ќе пристигнат до крајот на месецов, откако и официјално е финализиран договорот со фирмата, која била единствен понудувач на тендерот за набавка на вакцини

Иако традиционално овој период од годината беше наменет за вакцинацијата против сезонскиот грип, годинава имунизацијата ќе почне подоцна, односно најверојато на крајот од месецот. Од Министерството за здравство нема детали зошто се доцни, но уверуваат дека вакцинацијата ќе почне во текот на месецов.

„Економскиот оператор Елбијор беше единствениот понудувач, а во петок на 02.10.2020 беше финализиран договорот во однос на тендерот за набавка на вакцините. Вакцинацијата ќе започне во текот на октомври, согласно препораките“, уверуваат од Министерството за здравство.

За претстојната вакцинација против сезонски грип 2020/2021 година, ресорото министерство ќе набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за бесплатна вакцинација и 4000 дози за комерцијална употреба.
На сметка на државата со четиривалентна вакцина ќе можат да се имунизираат лицата над 65 години, оние кои имаат хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Сепак, матичните лекари се уште не добиле термини за почнат да ги закажуваат заинтересираните пациенти, ниту пак упатства како ќе се реализира целиот процес во време на пандемијата на Ковид-19.

„Кога е во прашање вакцинацијата против сезонскиот грип сите релевантни институции вклучени во процесот треба да бидат максимално одговорни, на ниво на задачата и да не дозволат задоцнувања особено кај имунизацијата на постарите и хронично болните. Оваа популација веќе е навикната на почетокот на октомври да ја примат дозата. За жал за мене е несфатливо како може да се допушти во време на пандемија од ковид 19 да се доцни со имунизацијата против грипот“, вели матичниот лекар Илир Љума.

Свет

Што се случува? Земјотреси, поплави, а сега и вулканска ерупција

Published

on

Метеоролошката агенција на Исланд денеска соопшти дека под земја во близина на Рејкјавик започнала ерупција на вулканска магма, но дека моментално ја нема на површината.

„ Засега, магмата не стигнала до површината, но веројатно ќе има ерупција “, се вели во соопштението.

Покрај подземната ерупција на магма , областа е погодена и од повеќе од 100 мали земјотреси.

Локалната полиција објави дека е евакуирана блиската луксузна бања Blue Lagoon , како и рибарскиот град Гриндавик , каде има околу 40 куќи, пренесува АП.

Метеоролошката агенција соопшти дека волуменот на магмата под вулканот Сварценги е на највисоко ниво од серијата ерупции во декември 2023 година.

„Акумулацијата на магмата продолжува, но стапката на искачување е забавена во последните недели“, велат од агенцијата.

Сеизмичката активност постепено се зголемува во последните недели, што покажува дека притисокот на местото на ерупцијата се зголемува, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Исланд , познат како „земја на мразот и огнот“ поради бројните глечери и вулкани, се соочи со 10 ерупции јужно од Рејкјавик од 2021 година, а ова би можело да стане 11-та ерупција во областа.

Засега нема значително ширење на пепел во стратосферата , поради што воздушниот сообраќај не е во прекин.

Continue Reading

Балкан

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за повеќе од 500 деца (ВИДЕО)

Published

on

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела.

Освен што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и за време на Рамазан им нуди бесплатни топли пити за ифтар за сите кои тоа го потребуваат, во ноември 2024 година започна со изградба на зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, како што пренесуваат локалните медиуми.

Региониалните медиуми веќе пишувале за неговите хумани активности, а овој Рамазан Сеад Бихорац направи уште еден гест на добрина.

Тој организираше акција за делење на пакетчиња со подароци за 500 деца од Нови Пазар и околината, што беше претставено на порталот „Санџак данас“. На видеото од акцијата може да се види искрена радост на децата.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Свет

Опасна игра: Кина со 19 бродови го стега обрачот околу Тајван!

Published

on

Кина ги испрати својата војска, морнарица, воздухопловни сили и ракетни сили да го опколат Тајван како дел од голема воена  вежба.

Дури 19 воени бродови го опколија Тајван за само 24 часа, вклучувајќи ја и групата носачи на авиони „шандонг“, а официјален Пекинг објави дека големите воени вежби имаат за цел да се вежба блокада на островот.

Тајван веднаш реагираше и испрати свои авиони и бродови. Исто така, беше наредено да се распоредат ракетни системи распоредени на тајванското копно, а Пекинг беше обвинет дека е „најголемиот предизвикувач на проблеми во светот“.

Според британскиот весник Дејли мејл, Кинеските вежби уследија откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во Јапонија изјави дека САД ќе ѝ обезбедат „веродостојно одвраќање“ на Кина преку Тајванскиот теснец.

Дали е ова план за вистински напад?

Кина го смета Тајван како дел од нејзината територија, поради што Пекинг се закани дека ќе употреби сила за да го стави островот под своја контрола.

Сегашните големи воени вежби на Кина не се ништо ново, бидејќи Пекинг во последниве години сè повеќе распоредува борбени авиони и поморски бродови околу Тајван, додека изведува воени вежби.

Сепак, на овие најнови воени вежби се забележани најмногу кинески воени бродови околу Тајван од мај минатата година, кога беа пријавени 27 поморски бродови, се наведува во извештаите на АФП.

Според постоечките видеа споделени на социјалните мрежи, се чини дека кинеските сили сега користат сателити за обележување цели низ Тајван, кои се претпоставува дека ќе бидат уништени од налетот на ракетни експлозии.

Аналитичарите шпекулираат дека Кина е поверојатно да се обиде со блокада на Тајван отколку да започне инвазија од целосен обем, што би било поризично и бара голема воена посветеност.

Аналитичарите оценуваат и дека оваа најнова кинеска вежба, одржана веднаш по посетата на Хегсет на регионот, покажала дека Кина ја тестира администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поради ова, и САД ќе влезат во војна – сè се врти само околу една работа

Тајван е лидер во производството на микрочипови, кои се користат во речиси сите електронски уреди, и затоа е потенцијално жариште на конфликт меѓу Кина и САД, кои се најважниот безбедносен партнер на Тајван.

Трамп минатиот месец јавно оцени дека кинеската инвазија на Тајван би била „катастрофална“, бидејќи титанот за производство на чипови на островот TSMC најави инвестиција од 100 милијарди долари во Соединетите држави.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк