Connect with us

Скопје

СЛАВЕСКИ ја спореди АРСОВСКА со пејачка: Имаше прикачено мобилен микрофон КАКО ЦЕЦА НА КОНЦЕРТИТЕ

Published

on

Не е пријатно кога не се ефикасни институциите. Ми беше задоволство Советот да функционира како часовник. Единствен проблем што морав да го менаџирам беше што постојано градоначалничката Арсовска постојано ја навредуваше и се караше со координаторката на советничката група на СДСМ. Сега малку се сврти работата, јас сум на мета, рече претседателот на Советот на град скопје, Трајко Славески за ситуацијата во градското собрание.

Според него, „се започна од одлуката на Арсовска да се лиши од мнозинството во градот Скопје“.

-Арсовска не може да испорача она што го има добиено како налог од налогодавателите. Не е лесно да се биде градоначалник без поддршка во Советот, рече Славески во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој вели дека не употребил никаква квалификација кон градоначалничката, ниту погрден збор.

-Јас што излегов пред неа беше единствен начин да се замолчи, затоа што таа имаше прикачено мобилен микрофон како Цеца Величковиќ на концертите. Во неколку наврати некои советници изразиле незадоволство во тоа каде седи градоначалникот. Сега таа седи на задната клупа каде нема микрофон или слушалки. Немам такво сознание дека разбира албански. Таа неколку пати кажа за мене Таљат. Очекувам ова да се реши со интервенција на инспекторатот на локална самоуправа. Во просториите на Советот на град Скопје не може да се помести ништо без знаење на претседателот на Совет, додаде Славески.

Скопје

Мицкоски го поддржа протестот на „Партизанска“: Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е оправдан протестот пред Универзална сала на „Партизанска“, а откако младата Фросина Кулавкова беше смртоносно прегазена. Тој рече: „Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град“.

„Оправдан е револтот на граѓаните и тука нема дилема. Еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем кој треба да детектира вакво дивеење по булеварите и улиците насекаде низ државата. И знам дека МВР го спроведува тоа и наскоро ќе имаме таков систем кој ќе санкционира. Тоа мора да се случи без разлика на политичките куршуми“, рече Мицкоски.

За судството рече дека се надева оти судско-обвинителскиот систем ќе се ослободи од канџите на политичарите и дека ќе судат според закон, а ќе спречат вакви појави.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Отворена новата библиотека на Меѓународниот Балкански Универзитет

Published

on

Денес свечено беше отворена новата библиотека на Меѓународниот Балкански Универзитет, со капацитет од 300 лица и богата колекција од 10.000 книги. Оваа современа установа ја истакнува важноста на вложувањето во образованието и знаењето, обезбедувајќи простор за учење, истражување и интелектуален развој.

На отворањето присуствуваше градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, кој изрази задоволство што заедницата е дел од проекти кои го поддржуваат образованието и општествениот напредок.

„Оваа библиотека ќе биде вреден ресурс за студентите и ќе претставува референтна точка за соработка и интелектуален напредок,“ истакна Ганиу, упатувајќи честитки до Меѓународниот Балкански Универзитет за нивниот значаен придонес во развојот на идните генерации.

Со отворањето на библиотеката, универзитетот потврдува дека е посветен на мисијата за подобро образование и посветла иднина.

Continue Reading

Скопје

Тешка несреќа во Скопје: Девојка загина на булеварот „Партизански одреди“

Published

on

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк