Connect with us

Македонија

Како Генералот Михајло Апостолски спречи влез на бугарска војска – „Бугарите ни куршум не испукаа за ослободување на Скопје“!

Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија, рече неодамна Трајко Стаматовски, претседател на боречката организација на Скопје. Генералот Апостолски дури и војска испратил за да спречи бугарски војници да влезат во Скопје.

Но, борецот од НОБ Стаматовски на 13 ноември, на одбележувањето на ослободувањето на главниот град на Македонија, пред Споменикот на ослободителите на Скопје потсети на историските настани:

„Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија”.

Стаматовски рече дека борците од Народно ослободителната војна многу добро знаат дека војувале против бугарската војска. Товарот на војната го носеа македонските партизани, а посебни заслуги тој му дава на генералот Михајло Апостолски.

„Ние добро знаеме против кого војувавме, колку жртви дадовме. Колку беа храбри нашите партизани. Се бореа за секоја улица, за секоја зграда, за секоја институција. Загинаа 398 борци, меѓу нив и голем број првоборци. За подвизите на диверзантските групи кои ги деминирираа Камен мост, ХЦЕ Матка, за недолжните стрелани скопјани, многупати сум говорел. Овојпат сакам да потсетам на генералот Михајло Апостолски и на неговата далекусежна визија да не се дозволи влез во Скопје на единици од тукушто преобразената бугарска војска. Како ќе се користеше денеска тоа доколку им беше дозволено на Бугарите, можеме да си замислиме. Значи, се имаше чувство како за минатото, така и за иднината. Генералот Апостолки својата генијалност ја покажа многупати, како за време на Февруарскиот поход, или во акциите во источна Македонија, многу многу пати за време на антифашистичката борба”, рече Стаматовски.

Инаку, во сеќавањата на генералот Михајло Апостолски е запишано дека пред ослободувањето на Скопје му била испратена пораката од Отечествено фронтовската бугарска војска дека би сакале да одржат парада во Скопје. Апостолски насетил кон што тоа може да доведе, дека веќе утре довчерашните окупатори на Македонија би можеле да се претстават како ослободители. Наредил вооружена единица да се распореди на приодите кон градот и да спречи влез на бугарски војници.

„Кога го видоа тоа Бугарите, се повлекоа. Ако дозволевме да одржат парада, денес никој не можеше да докаже дека тие, буквално, ни куршум не испукале за ослободувањето на Скопје”.

Но потоа била испратена порака дека би сакале да одржат помен „за бугарските војници паднати во борбите за ослободување на Скопје”.

„И тоа ме налути. Веднаш испратив чета за да го спречи поменот. За каков помен станува збор, на кои паднати бугарски војници?”,запишал генерал Михајло Апостолски.

За време на бугарската окупација Скопје претрпе огромни загуби:

„Скопје загуби 4.654 сограѓани, од кои што 956 во борбите, а 3.698 како жртви на фашистичкиот терор, но и дека го загуби и речиси целото свое еврејско население. Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Даме Крапчев…се само дел од многуте борци коишто ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слобода на нашето Скопје.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг