Connect with us

Инфо +

Прекрасно решение -Како да ја добиеме најреалната слика за заболени?

Published

on

Како да ја добиеме најреалната слика за заболени со коронавирус, а притоа да почнеме да се враќаме во нормала со отворени школи, универзитети, кафичи, дискотеки, концерти и слично? Одговорот е помасовно тестирање плус некои други работи, барем според мене.

1. Да се направи лабораторија што ќе може да прави минимум 10 000 тестови за 24 часа. Истата е возможно да се направи за еден месец. Плус една недела за валидација. Да биде скоро целосно автоматизирана. Потребен е персонал од 4-5 луѓе по смена. Teстовите да бидат покриени од ФЗОМ. Не е премногу комплицирано

.2. Да се направат пунктови и инфраструктура за земање на брисеви. Триесетина вакви се доволни за цела Македонија, сите треба да земаат по 300-350 брисеви дневно. Потребен е персонал од околу 75 луѓе за земање на брисеви. Може да биде медицински персонал, може да бидат студенти по медицина, фармација и слично. Не е премногу комплицирано

.3. Да се направи лабораториски систем за конекција на баркод со идентификација на пациент во лабораторијата. Лаборантите не ги знаат имињата на пациентите, туку само нивните баркодови. Целиот процес е автоматизиран. Пациентот може да го следи резултатот онлајн и да добие нотификација кога ќе биде готов. Не е премногу комплицирано.

4. Да се направи софтверски систем кадешто уникатниот резултат со баркод ќе може да се отчитува во секоја установа, школо, универзитет, кафуле, дискотека. Не е премногу комплицирано.

Што е добивката од ова?

1. Во рок од 1 месец, ќе бидеме во можност да ја тестираме 15-20% од популацијата на Македонија барем еднаш. Ќе откриеме голем број на позитивни случаи коишто ќе бидат во изолација. Ќе ја знаеме горе-доле реалната состојба во нашата држава.

2. Ако овие пунктови се наоѓаат на паркинзи, пациентите ќе доаѓаат на пунктот, а не обратно. Контактот меѓу медицинскиот работник и пациентот ќе биде минимален. Неефективно е медицински персонал да ги посетува домовите на пациентите како што се прави во некои случаи сега.
3. Ќе се следат процесите автоматизирано, а не како досега. Роботи и компјутери ќе ги извршуваат најголем дел од процесите.

4. Ако уникатниот баркод од резултатот може да се отчитува во секоја установа, ресторан, кафуле, тогаш ќе може да одржуваат настани од секаков карактер, само со потврдени PCR негативни граѓани. Животот ќе може да се враќа во нормала. Времетраењето на негативниот резултат ќе биде 48 часа. Секоја злупотреба и фалсификување на резултат да резултира во драконски казни (финансиски и затворски).Предноста е што Македонија е мала Земја и вакви концепти може полесно да се спроведат доколку се сака. Не велам дека е лесно, велам дека е возможно. Не велам дека е перфектно, велам дека веројатно ќе биде подобро од тековното.Критики, коментари?

Свет

Американскиот претседател ја откри причината: Ова е најверојатно главната причина за конфликтот во Украина

Published

on

Прашањето за членството на Украина во НАТО било една од главните причини за конфликт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тоа е веројатно она што ја започна војната, – изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Ден претходно, американскиот лидер изјави дека Киев никогаш нема да стане член на Северноатлантската алијанса.

Како што во февруари истакна министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, основните причини за украинскиот конфликт се вмешаноста на постсоветската република во западниот воен блок, со развој на територијата на земјата за да се создаде воена инфраструктура насочена против Русија и целосното истребување на правата на Русите и на оние кои зборуваат руски.

Continue Reading

Свет

Што се случува? Земјотреси, поплави, а сега и вулканска ерупција

Published

on

Метеоролошката агенција на Исланд денеска соопшти дека под земја во близина на Рејкјавик започнала ерупција на вулканска магма, но дека моментално ја нема на површината.

„ Засега, магмата не стигнала до површината, но веројатно ќе има ерупција “, се вели во соопштението.

Покрај подземната ерупција на магма , областа е погодена и од повеќе од 100 мали земјотреси.

Локалната полиција објави дека е евакуирана блиската луксузна бања Blue Lagoon , како и рибарскиот град Гриндавик , каде има околу 40 куќи, пренесува АП.

Метеоролошката агенција соопшти дека волуменот на магмата под вулканот Сварценги е на највисоко ниво од серијата ерупции во декември 2023 година.

„Акумулацијата на магмата продолжува, но стапката на искачување е забавена во последните недели“, велат од агенцијата.

Сеизмичката активност постепено се зголемува во последните недели, што покажува дека притисокот на местото на ерупцијата се зголемува, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Исланд , познат како „земја на мразот и огнот“ поради бројните глечери и вулкани, се соочи со 10 ерупции јужно од Рејкјавик од 2021 година, а ова би можело да стане 11-та ерупција во областа.

Засега нема значително ширење на пепел во стратосферата , поради што воздушниот сообраќај не е во прекин.

Continue Reading

Балкан

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за повеќе од 500 деца (ВИДЕО)

Published

on

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела.

Освен што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и за време на Рамазан им нуди бесплатни топли пити за ифтар за сите кои тоа го потребуваат, во ноември 2024 година започна со изградба на зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, како што пренесуваат локалните медиуми.

Региониалните медиуми веќе пишувале за неговите хумани активности, а овој Рамазан Сеад Бихорац направи уште еден гест на добрина.

Тој организираше акција за делење на пакетчиња со подароци за 500 деца од Нови Пазар и околината, што беше претставено на порталот „Санџак данас“. На видеото од акцијата може да се види искрена радост на децата.

Погледнете го видеото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк